Oгњен Амиџиќ семејно на море - изнајми приватен авион, ѝ прослави 6 месеци на ќерката, сопругата блеска крај него
Нивниот син Перун пред извесен период наполни 2 години.


Инаку, Мина на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од нивната ќеркичка Лола, направена во авион, а Мина откри дека ова бил „првиот лет на Лола“.
Во описот на фотографијата додаде и духовита порака:
„Тато постави високи стандарди. Му посакувам многу среќа на мажот што таа еден ден ќе го избере“, посочувајќи на тоа дека Огњен ја гледа како капка на дланка.

Инаку, Мина и Огњен покрај ќерката Лола го имаат и синот Перун.

Семејствата на Огњен и Мина се познаваат уште од порано, а постои и интересна приказна што ги поврзува.
Огњен во една пригода изјави:
„Се испостави дека мојот татко ѝ бил класен раководител на мајката на Мина.
Кога татко ми дипломирал на 24 години, бил испратен во гимназијата во Шабац да предава историја.
Во првиот клас во кој бил класен раководител учела мајката на Мина, која тогаш била шест години помлада од него“.
