Николина Пишек со ќерката пронајдени во несвесна состојба во домот: „Се отрувме од плин“

Хрватската водителка Николина Пишек и нејзината ќерка Уна биле пронајдени во несвесна состојба во нивниот дом, откако вдишале преголема количина на јаглерод моноксид, веројатно заради лоша плинска инсталација, но за среќа сега се добро по кратката хоспитализација.

nikolina-pishek-so-kjerkata-pronajdeni-vo-nesvesna-sostojba-vo-domot-se-otruvme-od-plin-01.jpg

Според српските и хрватските медиуми, водителката Николина Пишек се соочила со животно-загрозувачка ситуација за време на викендот во нејзиниот дом во Загреб.

Наводно, во домот каде Пишек (42) живее заедно со нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ (42) и ќерката Уна, пукнала цевка која обезбедува греење во зградата, а таа и ќерката се отруле од јаглерод моноксид.

Извор близок до Blic.rs изјавил:

„Сѐ се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Николина околу 20 часот се слушна со Видое, кој заради работни обврски дојде во Белград, а таа му рече дека се вратиле дома и заедно со ќерката ќе гледаат филм и ќе одмараат.

Потоа Николина му се јави на сопругот околу 1 часот ноќта и му кажа дека нивната ќерка Уна повраќа и има силна главоболка. Тогаш кажа дека и таа не се чувствува најдобро. Видое ги посоветува да одат веднаш кај доктор, со што Николина се согласи.

Кратко потоа сопругот повторно ја бараше, но Николина не се јавуваше. Видое веднаш се јави кај пријатели кои отидоа до нивниот дом да видат што се случува со Николина и Уна. Но, никој не отворал врата. Тие ја скршиле вратата и ја виделе Николина во несвесна состојба на подот, а ќерката на кревет.

Веднаш викнале полиција и брза помош и се установило дека цевка која пукнала предизвикала труење со гас. Тие беа пренесени во болница. Пожарникарите измериле дека во куќата во тој момент имало 7 пати повеќе од дозволената доза на плин.“

За хрватскиот медиум 24sata, Николина дала кратка изјава по излегувањето од болница:

„Сега нѐ пуштија од болница. Се отрувме со јаглерод моноксид. Добри сме. Крим полицијата е на увид. Не можам да тврдам кој е виновен, но можам да претпоставам. Се работи за плински инсталации кои беа сервисирани три дена пред инцидентот, поточно во средата“.

Потсетете се и на: Како изгледа денес Николина Пишек (43) - една од најзгодните водителки на Балканот? (фото)

М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум ... „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќ...
Ќерката на Здравко Чолиќ, по долго криење, го покажа партнерот на одмор на Ибица - јахта, рози, лукс... По долго криење, Уна Чолиќ го покажа лицето на мажот што ѝ го освоил срцето. Нас...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...
Ќерката на црногорскиот пејач Кнез ја откажа свадбата - бремена е 5-ти месец, 11 години е во љубов Taa се прослави како член на групата Hurricane, тој потекнува од угледно белград...

Најчитани неделава