Исповед на Босанка што се избори со ракот: „Не прифаќам „Убава си“ затоа што двапати бев ќелава“

„Кога ќе ми кажат дека сум убава, веднаш почнувам да барам некое оправдување затоа што двапати бев ќелава. Губев по 12 килограми во 7 дена. Добивав по 10 килограми во 7 дена поради кортико. Затоа што мајка ми на 11 години на шега ми кажа дека сум како Дамбо...“

ispoved-na-srbinka-shto-se-izbori-so-rakot-ne-prifakjam-ubava-si-zatoa-shto-dva-pati-bev-kjelava-01.jpgФото десно: @visual.ars 

Бранкица Раковиќ од Босна и Херцеговина е жена која отворено ја документираше својата борба со ракот и тоа двапати.

Таа постојано прикачува фотографии од своето секојдневие и пишува искрено за работите кои ѝ се случуваат со цел да ги охрабри и другите жени што водат иста битка.

Овојпат нејзината објава на тема убавина и самодоверба допира до срце:

„Кога ќе ми кажат дека сум убава, веднаш почнувам да барам некое оправдување или заслугата ја припишувам на нешто трето. Филтер, коса, пудра, фустан.

Кога ќе ми кажат дека сум убава на фотографиите помислувам дали тоа значи дека не сум во живо?!

Кога ме фалат, не знам да се однесувам. Или ја префрлам заслугата на некој или префрлам на шега или почнувам да зборувам како може да биде подобро.

Кога би требало да кажам нешто за себе, смалувам, зипувам, пакувам, одземам, никогаш не додавам.

Кога е потребно некој друг да пофалам, сѐ посипувам со светки.

На непознати жени без срам на поминување им викам: „Убава си“.

На своите жени редовно.

Кога треба да убедам некого во нечии квалитети – точно и јасно ги гледам неговите квалитети, предности, сјај.

Кога треба да ги пофалам моите квалитети – може ли тоа да го направи некој друг наместо мене?

Можеби да додадам 1 милилитар тука? А да го дигнам ова? А да го симнам она?

А зошто е тоа така?

Затоа што двапати бев ќелава. Губев по 12 килограми во 7 дена. Добивав по 10 килограми во 7 дена поради кортико.

Затоа што мајка ми на 11 години на шега ми кажа дека сум како Дамбо.

Затоа што комплиментите се непотребни, а критиките задолжителни.

Затоа што односот кон убавината го градев од споредување, од погрешни убедувања дека е потребно да бидам како некој друг.

Зборувам за минатото.

Затоа на мојата ќерка Лола на 10001 начин редовно ѝ посочувам што сѐ е убаво на неа.

Затоа ја играме играта: „Што ти се допаѓа на тебе, мене, на тато, најмногу?“

Затоа ѝ дозволувам да облече различни гумени чизми, да оди во свечен фустан на игралиште или на главата да го носи тоа што го сака. За самата да изгради самодоверба со личните избори.

Така што, добар ден, ова сум јас.

Бранкица некогаш помалку, некогаш повеќе убава, уверена дека секоја од вас која го чита ова е баш убава.

Некои жени се убави секому. Некои само некому.

Но, баш секоја од нас е убава. И поради тоа што го гледа окото, но и поради тоа што го слуша увото и поради тоа што сме кога сме сами со себе.

Подели си комплимент на себе, малечка.

Тоа не е ништо лошо, не си ти поради тоа вообразена, што би рекла мојата Лола кога ќе се прегрне сама себе: „Мамо, јас вака се сакам себеси.“

View this post on Instagram

A post shared by Brankica Raković (@brankicarakovic)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
„Не сакаше ни да готви, ни да работи“: Ненад Кнез првпат прозборе за разводот со мајката на Ксенија ... „Со тогашната сопруга долго имавме несогласувања. Еден од проблемите беше што не...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg