Ѝ изгоре 50% од кожата, ја поврзуваа со Саша Ковачевиќ: Бурниот живот на една од најубавите Србинки

Од кариера на модел и познати момчиња до гласини за обид за самоубиство и речиси фатална незгода кај извор на термална вода во Сремска Митровица... Која е Јована Ѓорѓевиќ Швоња?

i-izgore-50-od-kozhata-ja-povrzuvaa-so-sasha-kovachevikj-burniot-zhivot-na-edna-od-najubavite-srbinki-01.jpg

Јована Ѓорѓевиќ Швоња, родена 1991 година во Нови Сад, важи за една од најубавите Србинки, а и светските меидуми од типот на магазинот „The Sun“ неретко ја нарекуваат една од најубавите жени на фудбалери.

Таа е во брак со познатиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ и имаат две деца. Заедно се од 2014 година, а Јована патува и живее со него низ светот во зависност од тоа за кој клуб игра Филип.

На својот Инстаграм профил Јована има повеќе од 336.000 следбеници, а со својот изглед постојано мами комплименти.

Но, често е и мета на критики затоа што знае да претера со провокативните изданија, а особено беше осудувана во време на бременостите, кога според некои луѓе се облекуваше несоодветно.

Инаку, Јована се појави во спотот за песната на Саша Ковачевиќ „Како после нас“ во 2011 година и тогаш многу српски медиуми пишуваа дека тие се во врска, но Саша и Јована ниту потврдија, ниту демантираа.

Неколку факти за нејзиниот бурен живот:

На 18 години победила на натпреварувањето за убавина Miss Fashion TV и оттогаш започнува нејзината успешна кариера како модел. Студирала Правен факултет, а татко ѝ негодувал што се занимава со манекенство.

Во јуни 2010 година српските медиуми пишуваа дека Јована се обидела да се самоубие, скокајќи од мост во Нови Сад, а причината била кавга со нејзиното тогашно момче, но подоцна таа ја демантираше приказната и тврдеше дека станува збор за незгода, а не за намерна постапка.

Во 2012 година водела емисија на телевизија Пинк.

Покрај со Саша Ковачевиќ, медиумите ја поврзуваа и со атрактивниот манекен Влада Вуксановиќ.

Во 2012 година таа со свој пријател била на извор на термална вода кај Сремска Митровица и поради невнимателност се лизнала во врела вода со температура од околу 90 степени. Пријателот брзо ја извлекол, но имала 50% оштетување на кожата и ѝ отпаднала косата. Минала 3 седмици во Клиничкиот центар во Нови Сад, по што успешно закрепнала. Фотки од тој период ТУКА.

Во 2014 година се сврши со фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ по само 3 месеци врска, неколку месеци подоцна парот се венча со свадбена прослава во еден белградски ресторан, а набрзо се преселија во Рим, поради фудбалските обврски на Филип.

Во 2015 година парот доби ќерка, а во 2017 добија син.

На следната страна повеќе Инстаграм фотки од Јована...



Би можело да ве интересира:

Саша Ковачевиќ (40) за фит формата: „Се случува повеќе од половина година да не изедам ни коцка чоко... Саша пие само вода и лимонада, додека бело вино си дозволува само кога има наста...
Србинката родена без раце откри дека абортирала: „Докторот виде дека нема развиени горни екстремитет... „Мораме да споделиме со вас една тажна вест – го изгубивме нашето бебе во 4-иот ...
Саша Поповиќ сакал да ја исфрли Александра Пријовиќ од „Гранд“: „Ќе ѝ ја уништеше кариерата од инат“ „Александра дојде на снимање откако претходната ноќ пеела во кафеана до 3-4 часо...
Саша Ковачевиќ искрено за драмата со Емина Јаховиќ: „Таа не ме испочитува како пријателка и колешка“ „Не, не е точно дека не ме повикала, ме повика, но ете имам нешто од минатото шт...
Саша Ковачевиќ ќе стане татко, неговата свршеница Зорана е бремена со второ дете Парот се сврши во октомври 2025, а Саша постојано истакнува дека би сакал да има...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...

Најчитани неделава