Саша Ковачевиќ искрено за драмата со Емина Јаховиќ: „Таа не ме испочитува како пријателка и колешка“
- Детали
- среда, 19 ноември 2025
„Не, не е точно дека не ме повикала, ме повика, но ете имам нешто од минатото што не ми се допадна и тоа е причината. Јас неа никогаш не сум ја доживувал како колешка, туку како пријателка. И по нашиот дует, и пред 5-6 години се случи нешто“ - вели Саша по драмата која настана откако Емина изјави дека не го викнала на нејзиниот концерт за да ја отпеат „Još Ti Se Nadam“.

Емина Јаховиќ неодамна одржа прв солистички концерт во Сава Центар во Белград, на кој присуствуваа и голем број ѕвезди од естрадата.
Но, освен поддржувачи во публика, таа на сцената со себе имаше покането повеќе од колегите со кои има снимено дуети.
Со неа пееја Милица Тодоровиќ, Мирза Селимовиќ, Едита Арадиновиќ, Огњен Амиџиќ, Џенан Лончаревиќ, но многумина забележаа дека недостасува Саша Ковачевиќ, со кого пред 15 години го отпеа најголемиот хит „Još Ti Se Nadam“.
Таа уште истата вечер беше прашана за него, а нејзината реплика гласеше:
„Па не можев цела естрада да ја викнам, знаете колку дуети имам, требаше да поканам уште многу други, но овој пат ги одбрав овие“.
Ова предизвика револт кај Саша и неговиот тим, па менаџерот на Ковачевиќ на Инстаграм Стори ја сподели изјавата и накратко напиша: „Не си се јавила?“.

Во изминатите денови српските медиуми постојано пробуваат да извлечат информација плус од пејачот, а екипата на српски Telegraf го следеше до автомобил од аеродром, па Саша накратко кажа зошто не присуствувал: „Имав свои причини, приватно-професионални, ајде така да кажам“.
Но, во гостување кај Огњен Амиџиќ, тој малку подетално ја образложи причината за прв пат.
„Која е вистинската причина заради која не се појави на концерт и точно ли е дека не те поканила“ – го праша водителот, на што Ковачевиќ одговори:
„Не, не е точно дека не ме повикала, ме повика, но ете имам нешто од минатото што не ми се допадна и тоа е причината.
Секој од моите колеги многу го почитувам и сакам да биде обострано да ме почитуваат и мене, кога сите овие години пружам големо почитување и љубов.
Е, кога 2-3 пати по ред ќе се случат некои работи кои не се ни колегијално ни другарски, тогаш едноставно не сум баш...“

„Значи таа не се однесувала колегијално во некој момент во минатото“ – го прекина Амиџиќ, на што тој продолжи:
„Па сега, не знам колку е колегијално, а колку пријателски. Јас неа никогаш не сум ја доживувал како колешка, туку како пријателка.
Во медиумите многу не зборувам за тоа, но кога ќе се пласира невистина морам да кажам. И по нашиот дует, и пред 5-6 години се случи нешто.

Не ја разбирам нејзината изјава дека од приватни причини не можам да дојдам, јас би одиграл џентлменски и не би одговорил ништо.
Кога се случуваат некоректни работи, морам да ставам некој штит и јас“.
Погледнете го извадокот:
Откако тој се огласи, на вториот концерт Јаховиќ беше повторно прашана што се случува, на што одговори:
„Јас никогаш во животот ниту со еден свој колега не сум имала ништо лошо, тие се мои пријатели.
Саша и јас имаме една вонвременска песна, напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш не сме имале проблем.
За првиот концерт му се јавив, тој ми рече дека ќе пее кај Ивана Селаков на концерт, затоа што таа му е кума и неа ѝ даде приоритет, што е нормално.
Не знам што сакал да каже со тоа дека изреагирал џентлменски, ќе мора мене да ми каже на што мисли.
Немам проблем да ми биде гостин“.
Погледнете го видеото, нејзината изјава за Саша почнува на 2:20:
М. М. | Црнобело