Факти за Нина Радуловиќ - една од најубавите Србинки и бивша сопруга на Бранислав Лечиќ, кој е обвинет за сексуално малтретирање

Убавата српска водителка не ги коментира обвинувањата за наводното силување кое го извршил нејзиниот поранешен сопруг, кој е повеќе од 30 години постар од неа и со кого има 10-годишен син.

fakti-za-nina-radulovikj-edna-od-najubavite-srbinki-i-bivsha-sopruga-na-branislav-lechikj-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-01.jpg

Пред извесен период српската јавност, па и целиот регион, беше разбрануван од сведоштво за силување во српската филмска индустрија, откако актерката Даниела Штајнфелд во интервју отворено го разоткри колегата Бранислав Лечиќ и го обвини за сексуална злоупотреба.

Тој зад себе има два брака, од кои вториот со Нина Радуловиќ, една од најубавите српски водителки.

Бранислав и Нина биле во брак од 2010 до 2017 година и заедно го имаат синот Лав (10), кој периодов се соочува со сурови коментари од соучениците поради наводното силување кое го извршил неговиот татко, па поради тоа извесен период нема да посетува настава, туку ќе учи онлајн.

Нина Радуловиќ не коментираше ништо по повод обвинувањата кон нејзиниот поранешен сопруг, но сепак се најде среде скандалот. Нејзините родители пак го поддржаа својот поранешен зет и изјавија дека веруваат дека е невин.

Нејзиниот татко Бранислав Радуловиќ за еден српски медиум изјави: „Лека и јас сме луѓе во години, често се гледаме и апсолутно сум сигурен дека е невин. Тој секој викенд го минува со синот Лав, а понекогаш и јас одам на ручек со нив. Прекрасен татко е, води сметка за синот и плаќа алиментација. Што и да му затреба на детето, тој е тука. Ние двајца имаме фантастичен однос, како никогаш да не се разделија со мојата Нина. Шокиран сум од обвинувањата за силување, верувам дека е невин.“

На следната страна факти за Нина Радуловиќ...



Би можело да ве интересира:

Еден од најубавите српски парови ја живее својата бајка - Ја запроси на Хаваи, го чекаат првото дете Немања Миловиќ ја запроси својата сакана Нина Јовановиќ на Хаваи и откри дека то...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Бивша девојка го натерала Дарко Лазиќ да се врати во животот на најстарата ќерка - првата сопруга Ан... „И мојот сопруг Даниел Неделковиќ сака да му биде пријател на Дарко, бидејќи вид...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава