Најискрената исповед на Јелена Ѓоковиќ - тешката страна на тоа да се биде сопруга на најдобриот тенисер на светот

„Дојдов до степен што се доживував како некој вид на аеродром кој прима летови, прима информации, дава упатства, исклучиво водена од тоа што Новак сака и од тоа што му оди нему во прилог... Кога Тара имаше два месеца, Новак отиде на еден месец во Австралија и останав сама без ничија помош во Монако, му се јавив на татко ми и му кажав дека не можам сама.“, искрено раскажува Јелена Ѓоковиќ (34).

najiskrenata-ispoved-na-jelena-gjokovikj-teshkata-strana-na-toa-da-se-bide-sopruga-na-najdobriot-teniser-na-svetot-01.jpg

Јелена Ѓоковиќ (34) веќе долги години е најголема љубов и поддршка на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во гостувањето во емисијата „Šta sam tebi i ko sam sebi“ на К1 телевизија Јелена ја има најемотивната исповед досега, која ја пренесе српскиот портал Story.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

„Омажена сум за личност која веќе е историска, па мислев дека како мајка треба да измислам топла вода. Моите тешкотии беа тоа што сакав да ги заштитам децата, да им дозволам сами да одлучат дали сакаат или не сакаат да бидат дел од нашиот јавен живот, кој е нужна последица на големиот, историски успех кој Новак го постигна.

Од друга страна, мојот сопруг нема таков став, па требаше да најдеме компромис. Отсекогаш сонувал да биде сакан, виден, да стои на врвот на светот, сите да знаат за него, додека јас сонував комплетно поинаков сон. Сакав да бидам успешна жена од сенка.“

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Потоа Јелена коментира зошто поретко се појавува на мечевите на Новак, а и зошто повеќе Монако не може да го нарекува свој дом.

„Изминативе две години минавме доста време во Србија, така што и ова е наш дом. Мислам дека домот ми е каде и да сум (и во странство) затоа што моите родители се со мене, сестра ми е со мене, сопругот и децата, домот е таму кадешто сме ние, но не во хотел.

Мене ми е потребен еден дом, но тоа не можеме да го имаме, мораме да бидеме на што повеќе локации затоа што животот така нѐ води. Неодамна имавме разговор зошто не патуваме повеќе со Новак. Децата пораснаа, сакаат да имаат другари, сакаат да одат во една градинка, да имаат свои рутини, свој познат парк, познати локации и да знаат каде се.

Новак е пораснат со тој интензитет на случувања, но ние сме уморни и само од тоа што го гледаме, ние го менуваме ТВ каналот кога има тенис за да се одмориме.

Тој е во тоа постојано, кога се враќа дома гледа Јутуб и анализира што се случувало во некој друг натпревар, кој му е следниот противник, што прави конкуренцијата, многу е посветен и е огромен професионалец. И јас го живеев тоа пред да дојдат децата, но ова е нова приказна и затоа поретко патувам.

Дојдов до степен што се доживував како некој вид на аеродром кој прима летови, прима информации, дава упатства, исклучиво водена од тоа што Новак сака и од тоа што му оди нему во прилог, така ги водев неговите тимови во смисла на комуникација, неговиот национален и глобален ПР и неговите маркетиншки активности.

Тоа го имам студирано и работено со луѓе многу поискусни од мене од кои многу научив. Мојата предност беше таа што веќе добро го познавав Новак и буквално можев да ги пренесам неговите зборови за тој да не мора да се занимава со тоа, а јас да ги истуркам работите до крај.“

Таа откри дека се грижи за Новак, но кој се грижи за неа?

„Најмногу се грижи за мене мојот татко, и мојата мајка од сенка, да ја нема неа сето тоа да го поддржува, тој не би можел секогаш да биде моја поддршка. Татко ми е мој ангел, мелем за душа, го носам секаде со себе, сѐ што ми е тешко тој прави да ми биде песна.

Кога Тара имаше два месеци, Новак отиде на еден месец во Австралија и останав сама без ничија помош во Монако, му се јавив на татко ми и му кажав дека не можам сама. Тој даде отказ од работа и дојде.

Од тој момент пееме додека се грижиме за децата, ми објаснува дека не мора сѐ да биде така професионално, а јас сето тоа го доживеав баш така. Премногу се внесов во улогата дека сум жена на некој што е најдобар во нешто.

Многу сум благодарна што сум животна сопатничка на Новак, но мислам дека треба да бидам нешто посебно, а не само тоа“, вели искрено Јелена и доловува дека не е така розово да се биде сопруга на еден од најдобрите спортисти на светот и дека покрај привилегиите има и негативни страни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Јелена Гавриловиќ (40) е една од најубавите Србинки - учествуваше во ТЛЗП со Елена Ристеска Се сеќавате ли кога во 2014 година нашата Елена Ристеска нè претставуваше во ТЛЗ...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Цеца и Јелена Ѓоковиќ со обетки од 11.000 евра - Српските ѕвезди не штедат за накит Што им е заедничко на Јелена Ѓоковиќ, Цеца Ражнатовиќ, актерката Мирка Васиљевиќ...
Јелена Карлеуша повторно го прекрши договорот со Душко Тошиќ: „Тој ми е најголема грешка - поважни м... „Душко Тошиќ покажа дека со него сум направила животна грешка“ – изјави Јелена К...
„Фијаско, ја копираш Гага“: Јелена Карлеуша со спот од 250.000 евра, еротско издание и билборди низ ... По повеќе од една деценија, српската дива Јелена Карлеуша има нов спот и албум. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg