Јелена Карлеуша: „Имав 3 царски реза, родив две деца, оперирав слепо црево – како имам така тенок струк?“

„Многумина со години ме прашуваат како имам така рамен и затегнат стомак, изразени стомачни мускули и мал обем на струкот...“, раскажува Јелена Карлеуша, која додава дека мрази да вежба.

jelena-karleusha-imav-3-carski-reza-rodiv-dve-deca-operirav-slepo-crevo-kako-imam-taka-tenok-struk-01.jpg

Јелена Карлеуша е една од најатрактивните пејачки во регионот. Со телесната форма како песочен часовник и впечатливите модни комбинации, таа привлече повеќе од 2.4 милиони следбеници на Инстаграм.

Но, која е тајната на нејзиниот тенок струк, кога и самата знае да каже дека не е љубител на вежбањето?

„Многумина со години ме прашуваат како имам така рамен и затегнат стомак, изразени стомачни мускули и мал обем на струкот. Тајната е во корсетите кои ги носам секој ден, некогаш дури и навечер, често под облеката...

Со редовно носење и ‘тренирање’ на вашиот струк со корсет, топите масни наслаги и драстично го намалувате обемот на струкот, ги затегнувате опуштените мускули, го намалувате чувството на глад, го поправате држењето на кичмата.

Имав 3 царски реза (да 3), родив две деца, оперирав слепо црево (предниот ѕид на стомакот ми е многу ослабен), не вежбам и овој корсет многу ми помага.

Но, мора да напоменам и дека многу здраво се хранам, вегетаријанец сум, не јадам благи работи и со помош на мојот личен нутриционист го држам телото под ‘контрола’.

Ве молам хранете се здраво. Негувајте го своето тело и здравје. Сѐ почнува од тоа што го внесуваме во себе и од состојбата на нашиот ум“, вели Карлеуша во објава на нејзиниот Инстаграм профил...

Сепак, мора да напоменеме дека добрата исхрана, редовното вежбање и физичката активност се клучни за вашето здравје, но носење корсет на своја рака за вакви цели не препорачуваме и пред сѐ мора да се консултирате со доктор.

Носењето корсет, покрај ефектот на „слабеење“, може да има многу несакани ефекти, па не е препорачиво да се впуштате во ризик без да бидете свесни за последиците и претходно да се консултирате со стручно лице. 

Како Јелена го ‘тренира’ струкот:

Повеќе фотки од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава