Ведрана Рудан (71) брутално искрена: „Me злоупотребуваше татко ми, па првиот сопруг - треба да знаеме да избереме маж“

Ведрана Рудан важи за една од најконтроверзните авторки на нашите простори. Позната е по своите книги и написи каде „без влакна на јазикот“ искрено говори и ги искажува сопствените ставови. Таа деновиве во ново интервју за магазинот Story.rs говореше за сопствениот живот.

Vedrana-Rudan-Znam-deka-smrtta-me-cheka-i-deka-denovite-mi-se-izbrojani-dotogash-kje-uzzivam-vo-sekoj-mig-01.jpgфото: Фејсбук страна на Ведрана Рудан

Во моментов, таа вели дека најмногу ужива и не размислува за иднината, а свесна е дека деновите ѝ се изброjaни.

„Набрзо ќе наполнам 72 години. Денес шетав низ центарот на Риjека, денот беше сончев, луѓето пиеја кафе, сопругот и јас ручавме во мал ресторан, околу вратот ме грееше ѓерданот од Ивана Кнез, генијалната Македонка.

Сфатив дека го живеам својот апсолутно најдобар дел од животот. Не се оптоварувам со иднината, знам дека деновите ми се изброjaни. Баш затоа живеам сега и овде. Што ќе биде утре - за тоа нека размислуваат оние што мислат дека се бесмртни.

Јас знам, како што би рекла големата писателка Изабела Алјенде, дека смртта престојува во мојот двор и дека ме чека. Нека ме чека. Во меѓувреме ќе пијам макијато без кофеин, ќе го држам сопругот за рака, ќе гледам во морето, ќе патувам во Белград, Загреб, Скопје, Сплит, Нови Сад… и ќе уживам во секој миг“ – вели Рудан за Стори.

Рудан во моментов е актуелна со тоа што ја објави новата книга Puding od Vanilije, што минатиот месец излезе од печат. Таа претходно во интервју за „Лагуна“ рече дека оваа книга е инспирирана од животот.

Vedrana-Rudan-Znam-deka-smrtta-me-cheka-i-deka-denovite-mi-se-izbrojani-dotogash-kje-uzzivam-vo-sekoj-mig-02.jpg

„Оваа книга мене бескрајно многу ми значи. Тоа е некоја моја пресметка со животот што јас не би сакала да го живеам, но го живеам и тоа не само јас. Тоа е моја пресметка со црквата, со моќниците, со политичарите, со женомрaзците, со жените што не чувствуваат потреба да се лишат од оковите, со жените што не можат тоа да го направат“ – вели Рудан и додава дека на тој начин се обидува да го промени светот.

Книгата ги следи приказните за малиот Крешо, а преку приказните на овој протагонист авторката открива некои свои подлабоки видувања за светот и за она што нè окружува.

„Тоа е приказна за статусот на жртвата што е беспомошна, затоа што е мала, и неговата „учителка за животот“ – неговата мајка. Таа „учителка за животот“ му испраќа на своето дете (идниот човек) порака што сите ние ја добиваме секојдневно: ’Луѓето растат само кога голтаат‘ и тоа е она застрашувачкото, ние „голтаме“ секојдневно, а не знаеме дека секое „голтање“ е само пропаѓање“ – вели таа и дообјаснува дека на тој начин ние прифаќаме компромиси, прифаќаме да не бидеме луѓе, прифаќаме да молчиме и да страдаме.

Што се однесува до темите обработени во оваа книга, таа за нив коментираше и во интервјуто за магазинот Story.rs каде истакна дека целиот живот ја мачи само една тема, а тоа е како светот да се ослободи од „гадовите“ од кои жените се плашат сè додека не умрат.

„Секоја жена, без разлика на староста и статусот, има свој злоупотребувач ако не се погрижи да се ослободи од него. Мене ме злоупотребуваше татко ми, па првиот маж. Кога со него ја прекинав болната врска си реков – „Никогаш повеќе“. Во светот има голем број добри мажи, треба да знаеме да избереме или да знаеме да живееме без нив. Мислам дека ова второво сепак е подобар избор“ – вели таа.

Инаку, Ведрана Рудан е доста позната авторка на нашите простори. Таа е позната како со генијалниот и единствен начин на пишување, така и по бројните изјави, што понекогаш се целосно без филтер и брутално искрени.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава