Од скромна девојка стана дизајнерка на славните – сопругата на Харис Џиновиќ прави креации за Џеј Ло и Лонгорија

За сопругата на балканскиот фолк-пејач Харис Џиновиќ се знае дека е позната модна дизајнерка која во минатото соработувала со голем број светски познати ѕвезди. Џеј Ло, Шерон Стоун, Ева Лонгорија се само дел од нив.

soprugata-na-haris-dzinovikj-gi-oblekuva-slabnite-01.jpg

Мелина и Харис неодамна се вселија во нивниот нов луксузен дом во Белград, вреден околу 2 милиони евра. За кариерата на фолк пејачот се знае многу, а до него стои 30 години помлада и мошне успешна жена.

Што се однесува до дизајнот на луксузната куќа пејачот вели дека најзаслужна е токму неговата сопруга.

„Има голем број детали на Мелина. Дневната соба и уште некои делови Мелина ги заврши заедно со архитектот. Во главно не треба да им се мешате на жените, затоа што на крај сè ќе биде по нивно, па јас се тргнав. Мелина е уметник“ – изјави Џиновиќ.

Сепак и покрај светската слава како дизајнерка на познатите, Мелина и понатаму останува скромна и вели дека за нејзиниот успех, најзаслужен е нејзиниот сопруг.

Како една случајна средба во целост ѝ го променила животот?

Мелина е родена во Бихаќ во 1982 година, но на 7-годишна возраст се преселила во Загреб, каде по завршувањето на основното и средното училиште се запишала на Филолошки факултет на катедрата за англиски јазик и ориенталистика.

Иако, нејзините родители имале голема желба таа да ги заврши студиите, таа никогаш не дипломирала затоа што додека била трета година, во 2002-та година го запознала познатиот пејач. Оваа средба понатаму во целост ѝ го променила животот.

Се знае дека таа го запознала својот сегашен сопруг додека го чекала своето тогашно момче што исто така се викало Харис. Иако тогаш размениле телефонски броеви, сепак и следната средба била „случајна“ и тоа на концерт на познатиот пејач, по што почнале да разменуваат СМС пораки и да комуницираат по телефон, а Харис ја повикал да му се придружи на неговото патување во Париз, што Мелина веднаш го прифатила, но наместо само три дена како што претходно планирале, во престолнината на модата останале многу подолго.

View this post on Instagram

A post shared by HAMEL (@hamelofficial)

Со оглед на тоа што Харис живее во Париз од 1996-тата година, Мелина со него често патувала таму, па така своите први 15 креации ги продала токму на Французинки, а добила понуда да ги изложи сопствените модели во бутикот на славниот креатор Александар Меквин во Париз.

Мелина и Харис се заедно речиси 20 години, а заедно имаат две деца, ќерката Џина и синот Кан. По 12 години заедничко живеење тие решија да направат свадба, а кумови на свадбата им беа бизнисменот Филип Цептер и познатата милијардерка и манекенка Славица Еклстон.

Таа вели дека никогаш не зажалила за тоа што се омажила млада, особено затоа што целиот успех во дизајнерската кариера му го должи на сопругот, кој ѝ помогнал и вложил во нејзиниот бренд.

Таа вели дека иако таа е основач на модниот бренд „Хамел“, сепак истакнува дека за нејзините почетоци е заслужен и нејзиниот сопруг, што покрај финансиската поддршка ѝ пружал и морална поддршка и ѝ овозможил голем број познанства со луѓето што уживаат светска слава.

Денес Мелина има сопствено модно студио во Белград, а материјалите ги набавува сама и тоа од Франција, па така нејзиниот бренд станал мошне препознатлив и многу баран.

Џеј Ло, Шерон Стоун, Кејт Бекинсејл, Парис Хилтон, Софија Вергара, Цеца и многу други ѕвезди носеле нејзини креации низ годините.

Нејзините креации биле дел и од некои од најпрестижните модни настани: Модните недели во Милано, Париз, Њујорк и Мајами.

Сепак, таа и самата вели дека иако е успешна модна дизајнерка сепак, пред сè е мајка и сопруга. Таа живее на релација Париз – Белград – Штутгарт, каде таа и сопругот имаат раскошни домови, а неодамна ја добија и раскошната куќа во Белград.

Таа вели дека да не била сопруга на Харис Џиновиќ немало да биде таму каде што е денес и дека тоа е најпрестижната титула што ја добила.

Дека таа сè уште е мошне скромна говори и фактот што нејзиниот личен профил на социјалните мрежи е приватен, но можеме да ѕирнеме и да ги погледнеме нејзините креации на профилот на нејзината модна куќа.

Погледнете во продолжение дел од нејзините креации:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите... „Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам“ – изјави Х...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Детали за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ: Проблемите почнале во новиот дом, спиеле во различни к... Се шушка дека Мелина Џиновиќ имала врска со друг маж, а Харис се отселил од лукс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg