„Беше тешко, и нормален би полудел“ – Во какви односи е Наташа Беквалац со бившиот сопруг и што зборуваат еден за друг?

Данило имаше катастрофална несреќа со мотоцикл, а додека закрепнуваше следеше и жесток развод со Наташа Беквалац, со која имаат една ќерка, заради што се во добри одности - што говорат тие еден за друг и за бурниот период околу разводот?

beshe-teshko-i-normalen-bi-poludel-vo-kakvi-odnosi-e-natasha-bekvalac-so-bivshiot-soprug-i-shto-zboruvaat-eden-za-drug-01.jpg

Наташа Беквалац (40) и Данило Никодиновиќ (44) беа во брак пет години. Тие започнаа да се гледаат во 2004-тата година, стапија во брак во 2006-тата година, во 2007-мата ја добија ќерката Хана, а една година подоцна Данило имаше тешка сообраќајна несреќа, по што одлучи да се разведе со Наташа додека закрепнуваше.

Во медиумите имаше низа шпекулации дека Данило ја изневерил Наташа и дека тоа е главната причина поради која се разведуваат, а некои медиуми одеа дотаму што тврдеа дека катастрофалната сообраќајна несреќа во која Данило настрада била како последица на бројните проблеми во брачниот живот.

По толку многу години, српската пејачка Наташа Беквалац во интервју за Story.rs меѓу другото проговори за тоа во какви односи е со бившиот сопруг, ватерполистот Данило Никодиновиќ. 

Она што особено зачудува е тоа што нејзиниот сопруг Данило во медиумите нема лоши зборови за Наташа и покрај сè што поминале заедно, па за неа говори само најдобро.

За тоа како се чувствува во однос на ова, Наташа Беквалац во изјава за Story.rs кажа:

„Познавајќи ја неговата природа ме зачудува што и воопшто говори за мене. Шега на страна, од мигот кога се разведовме, па до денес, единствената наша заедничка тема и она што нè спојува е нашето дете.

Јас сум особено горда на Хана, за сè што таа е и во каква посебна жена се развива. Верувам дека Данило убаво говори за мене затоа што на мене гледа низ улогата на мајка на Хана. Од него имам почит и тоа е единственото што ми треба за со сите свои капацитети и љубов да го одгледувам нашето дете“ – вели Беквалац за Story.rs.

Инаку, Данило во минатото најотворено говореше за сообраќајната несреќа и во целост ја прифати вината за тоа што се случило. Самиот нагласи дека бил мошне пијан кога седнал на мотоциклот.

„Последно на што се сеќавам е дека тргнав од Зрењанин за Нови Сад. Седнав на моторот, дадов полна гас и претекнав цела колона. Среде патот имаше еден трактор, целата вина е апсолутно моја, тоа го кажав и на суд, но тој трактор со приколка не смееше да биде на магистралниот пат.

Но, ете сплет на околности, автомобилот Yugo тргна да го претекне тракторот, не ме слушна, а јас одев со 200km/час. Со таа брзина удрив, фала Богу во задниот дел од автомобилот, затоа што, да удрев во средината ќе го преполовев целиот автомобил.

По ударот одлетав 86 метри во полето, едвај ме најдоа. Паднав во некое ѓубре, а за време на падот ми експлодира каротидната артерија што оди од рамото до мозокот“ – изјави тој претходно за Story.rs.

По ова следел долг период на заздравување, а во истиот период Данило одлучил дека сака да се разведе од Наташа.

Сепак, иако многумина тврдат дека несреќата била „врв“ на нивните проблеми и во голема мера придонела за нивниот развод, тој вели дека нештата и претходно не биле идеални, а дека несреќата се случила само кон крајот на многу други работи што им се случиле.

За големиот број написи што кружеле за него во медиумите, тој во истото интервју ќе каже: 

„Беше тешко, се пишуваше и се полемизираше сè и сешто - и нормален човек би полудел, а не јас!“

По Наташа, Данило беше во врска со одбојкарката Маја Огненовиќ со која стапи во брак во 2016-тата година.

Наташа пак, од друга страна и немаше многу голема среќа во љубовта: во 2015-тата стапи во брак со ракометарот Љубомир Јовановиќ со кого се раведе во 2017-тата, а истата година се омажи за Лука Лазукиќ.

Сепак, во 2018-тата Наташа беше жртва на физички напад од страна на Лазукиќ, еден месец откако ја роди ќерката Катја, по што таа повторно се раведе.

Погледнете повеќе фотографии од Наташа во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...

Најчитани неделава