Боледува од ретка болест, тежи милиони – Факти за српскиот тајкун Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизија Пинк

Основачот и сопственикот на „Пинк“ Телевизија Жељко Митровиќ (54) денес тежи милиони, ужива да вози скејтборд и да го тестира неговите изуми, а во минатото немал доволно средства за да се запише на престижната џез-академија Беркли каде сакал да студира.

boleduva-od-retka-bolest-vo-minatoto-nemal-pari-za-shkolarina-fakti-za-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-sopstvenikot-na-pink-01.jpg

Тој е медиски могул, сопственик на „розовата“ Pink империја, која под својата капа има повеќе медиуми, авиокомпанија, па дури и развојно-истражувачки центар чиишто производи Жељко редовно ги промовира.

Жељко завршил основно и средно училиште во Земун, а по ова се запишал на Правен факултет. Сакал да се запише на џез-академијата во Беркли но немал 30.000 долари колку што му биле потребни за школарина.

Тој од 1984-тата година па наваму, постојано е активен и на музичката сцена, како бас гитарист, а во последниот период беше актуелен и со музичкиот предизвик кога со неговиот бенд The Monks требаше да продуцира 30 песни за 30 недели, а секоја песна да има и свој видео запис.

Во 1988-мата година го отворил своето прво музичко студио, а две години подоцна стапил во брак со пејачката Соња Митровиќ Хани со која има две деца, ќерката Сандра и синот Александар.

Тие се развеле во 1994-тата година, а Жељко кој во тоа време веќе ги имал отворено радио Pink и телевизијата Pink, одлучил првото студио да ѝ го подари на поранешната сопруга.

По основањето на Pink, Жељко ја основал и дискографската куќа City records.

Тој од 1995-тата година е во брак со Милица Митровиќ, која била директорка на програмата и музички уредник на телевизијата Pink. Од овој брак тој добил уште две деца: ќерките Кристина (20) и Андреа (18).

Скандали заради ретката болест

Во 2010-тата година откако претходно му се слошило било утврдено дека боледува од редок тип анемија т.н. апластична анемија.

По подолгите испитувања во Германија било утврдено дека причина за ваквата болест е тоа што во последните години тој работел и по 20 часа дневно.

На почетокот на следната година српскиот тајкун изјавил дека некој во храната и во пијалаците му ставал супстанци што предизвикуваат апластична анемија.

По ова го засилил сопственото обезбедување, отпуштил 100-тина вработени што за него ширеле трачеви, а поднел и кривични пријави против повеќе лица што бил уверен дека го трујат.

Неочекуван подарок

Додека престојувал во болницата во Германија, тој се спријателил со една 80-годишна пациентка Лиза со која секој ден заедно пиеле чај и воделе долги разговори.

Таа му подарила автомобил „Бентли Континентал“ вреден околу 100.000 евра. Жељко подоцна дознал дека Лиза всушност била грофица и вдовица на германски аристократ што бил член на „Малтешките витези“.

Колку „тежи“ Жељко?

Тој денес важи за вистински српски тајкун што поседува огромно богатство. Со оглед на тоа што за балканските познати личности тешко е да се најдат точни податоци за тоа колку точно изнесува нивното богатство, според еден податок објавен на блогот Real time worth Митровиќ тежи околу 600 милиони долари, а според други и повеќе.

Неговата империја пак се знае дека вреди над 15 милијарди евра и е составена од телевизијата Pink, Pink Montenegro, Pink BiH, над 15 сателистски канали, лиценца за Fashion TV за регионот, национална фреквенција во Словенија, издавачката куќа City records, авио-компанија Air Pink, фирмата El Bosco која изнајмува јахти и филмско студио.

Кон крајот на 2011-тата година тој на првата сопруга и на децата од овој брак им купил стан од 180 квадрати вреден еден милион евра.

Неговата ќерка Кристина во моментов е верена за еден од најмладите милијардери во светот кој е наследник на семејна компанија што се занимава со производство на ураниум.

Жељко редовно објавува фотографии и видеа од неговите патувања и хобија на Инстаграм. Како и видеа од изумите што се креирани во неговиот Истражувачки центар.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот... „Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg