Љубов каква што веќе не постои, сплотени 45 години – Факти за бракот на Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Таа беше вонсериски талент, убавица, вистинска дама обожавана од сите генерации. Почина на 78-годишна возраст по долго и тешко боледување. Со актерот Драган Николиќ имаа неверојатна љубовна приказна, иако никогаш немаа деца.

Fakti-za-brakot-na-Milena-Dravic-i-Dragan-Nikolic-01.jpg

Милена Дравиќ е една од најпознатите глумици без кои не може да се замисли српската кинематографија. Првата филмска улога ја добила во 1959 година, остварила низа улоги кои ѝ донеле легендарен статус, огромна популарност и бројни награди.

Но, една од работите што го одбележа нејзиниот живот е големата љубов со актерот Драган Николиќ кој почина во 2016 година. По трагичниот настан Дравиќ се разболела и почина само 2 години по својот сопруг, односно во 2018 година.

Љубовта која траеше речиси 45 години, од нивното стапување во брак во 1971 година до 2016 претставуваше симбол на сплотеност, верност и истрајност каква што ретко може да се пронајде во денешно време, особено во светот на славните.

Парот се запознал за време на снимањето на филмот „Horoskop“ во 1969 година.

Се венчале 2 години подоцна, додека го снимале филмот „Kako su se volele dve budale“. Побарале дополнителен час помеѓу снимањата и склучиле брак во општината, а потоа се вратиле на работа и продолжиле со снимањето.

View this post on Instagram

A post shared by Milena Dravić Nikolić (@milenadravicglumica)

View this post on Instagram

A post shared by Milena Dravić Nikolić (@milenadravicglumica)

Парот немал никаква фотографија од венчавката, која според нив била симболична. Кума на венчавката им била актерката Јелисавета Сека Саблиќ која му била блиска пријателка на Николиќ, а потоа станала пријателка и со Милена Дравиќ.

Во еден момент, пред да купат нов автомобил, на ТВ одел прилог за детенце на коешто му била потребна итна операција на очите. Двајцата биле согласни дека не им треба нов автомобил, па за кратко време се појавиле кај семејството и ги донирале парите наменети за купување автомобил.

Во ретките пригоди кога зборувале еден за друг, актерите истакнувале дека брачниот другар им е најголема поддршка, но и најстрог критичар.

За бракот кој траел повеќе децении, можеле да се најдат повеќе причини да се прекине, отколку да опстане. Но, според Николиќ, најлесно е нешто да се пресече и заврши, а многу е тешко да се бориш за да го зачуваш бракот.

Понекогаш и малата караница може да го освежи денот, а понекогаш е потребно и да си љубоморен, бидејќи и тоа е еден од показателите за љубов, ќе изјави актерот во една пригода.

Парот никогаш немал деца, но нивната љубов сепак опстојала. Актерката изјавила дека сета љубов ѝ ја подариле на нејзината внука Ива, која станала целиот нивен свет и го надоместила отсуството на нивните биолошки деца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg