„Ми велеа дека сум стара за мајка“ - Србинка го роди првото дете на 48 години

„Никогаш не ме интересирало што мисли чаршијата. Мојот сопруг, таткото на Вук, е лекар и ако тој сметаше дека не треба да имаме дете, него, секако ќе го послушав“ – вели српската водителка што за првпат стана мајка во петтата деценија од животот.

srpska-voditelka-otkako-stana-majka-na-48-godini-mislev-deka-kje-napisham-esej-no-nemam-zborovi-za-ovie-emocii-01.jpg

Познатата српска водителка Слаѓана Славковиќ Јовановиќ пред две недели за првпат стана мајка на 48 години. Таа и нејзиниот сопруг на 3-ти декември го добија синот Вук.

Слаѓана во интервју за српски Blic говореше за тоа како се чувствувала откако забележала дека во сите медиуми се потенцира тоа дека таа станала мајка дури на 48 години, па потенцира дека воопшто не ѝ е грижа за мислењето на другите луѓе.

„Никогаш не ме интересирало што мисли чаршијата. Мојот сопруг, таткото на Вук, е лекар и ако тој сметаше дека не треба да имаме дете, него, секако ќе го послушав. Останатите не се меродавни да се занимаваат со мојот живот“ – вели таа.

Слаѓана вели дека била мошне витка и витална во бременоста, па речиси и никој освен најблиските воопшто и не забележал дека таа е бремена.

Вели дека делумно поради суеверието, а делумно поради тоа што смета дека бременоста е мошне интимна работа, таа не сакала да разгласува дека очекуваат нов член во семејството.

„Немав никакви проблеми, психички и физички подготвена ја дочекав средбата со своето дете. Од почит кон сите оние парови што долго, но неуспешно ја водат борбата за да добијат наследници, не сакам да ја потенцирам сопствената среќа“ – вели таа.

Слаѓана е позната ТВ водителка во Србија која работела и како уредничка на популарната емисија Bulevar B92, а 10-тина дена откако стана мајка вели дека дури сега сфаќа дека можеби била неправедна кон своите колешки.

„Често бев на чело на големите редакции и сега знам дека немав доволно разбирање за мајките што доаѓаа уморни или бараа слободни часови за да бидат со своите деца.

Мајка сум само 10-тина дена и сфаќам дека мајчинството е најтешката и најодговорната работа на светот и не треба мајките дополнително да ги оптоваруваме со стравот од тоа што ќе ги дочека на работното место како пребројување и дали ја исполниле нормата и работните часови“ – вели таа.

Во интервју за Hallo.rs вели дека нејзиниот сопруг не сака премногу да се истакнува во јавноста, а за чувството како е да се биде мајка кажува:

„Честопати и јас како новинар го поставував прашањето какво е чувството да се биде мајка и гледав како соговорничките се мачат да дадат одговор.

Сега и јас не знам што да кажам, а мислев дека ќе можам да напишам есеј кога ќе се случи тоа. Веројатно има некои чувства за кои не постојат вистински зборови“ – вели таа.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава