Била „мозокот“ на кражбите на Пинк Пантер, побегнала од затвор во Грција – Факти за Оливера Ќирковиќ

Оливера Ќирковиќ е српска авторка и сликарка и поранешна припадничка на меѓународната криминална организација „Пинк Пантер“ чии припадници се занимаваат со кражба на скапоцености и накит.

bila-mozokot-na-krazhbite-na-pink-panter-pobegnala-od-zatvor-vo-grcija-fakti-za-olivera-kjirkovikj-01.jpg

Оливера Ќирковиќ (52) била поранешна кошаркарка и играла во младинската репрезентација на поранешна Југославија, а била и спортски директор на женскиот кошаркарски клуб Црвена ѕвезда.

Во периодот од 1992-та до 1998-та година играла во клубот „Паграти“ од Атина и во тој период добро го запознала градот каде ги организирала кражбите од познатите златарници и продавници за скапа и брендирана облека.

Таа е позната и по тоа што објави две книги мемоари за тоа како станала член на групата Пинк пантер, насловени: „Пинк пантер: Моја затворска исповест“ и „Ја, Пинк Пантер: Исповест“.

Оливера денес е слободен граѓанин и неодамна беше забележана и на премиерата на филмот „Тома“, а во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:

Оливера во криминалните води навлегла благодарение на нејзиниот сопруг Среќко Ќирковиќ со кого го има синот Никола.

Сопругот ја запознал со поголем број луѓе што носеле крадена роба од Европа во Грција. Таа прво почнала од нив да купува крадени бунди, чевли и слично.

bila-mozokot-na-krazhbite-na-pink-panter-pobegnala-od-zatvor-vo-grcija-fakti-za-olivera-kjirkovikj-02.jpg

Таа имала и свој show-room каде купувале голем број познати личности. Самата вели дека сите знаеле дека облеката е украдена, но тоа не ги спречувало да купуваат.

bila-mozokot-na-krazhbite-na-pink-panter-pobegnala-od-zatvor-vo-grcija-fakti-za-olivera-kjirkovikj-03.jpg

Со текот на времето таа самата почнала да организира кражби во познати продавници за брендирана облека во Турција и Грција и станала дел од организацијата Пинк Пантер.

Речиси секогаш Оливера била „мозокот“, односно организатор на кражбите, но не учествувала директно, туку имала луѓе што знаеле како да ги завршат работите.

Уште шест факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава