Била „мозокот“ на кражбите на Пинк Пантер, побегнала од затвор во Грција – Факти за Оливера Ќирковиќ
Првпат завршила во затвор по една кражба во 2006-та година на островот Крит каде била организатор, но не учествувала директно.
Поминала две и пол години во затвор но вели дека тоа ја натерало повеќе да се посвети на брзата заработка на пари, па со својот тим извршила уште 100-тина кражби, но по вторпат била уапсена во 2012-та година додека се подготвувала за нов грабеж.
Во јули, 2012-та година успеала да побегне од затворот Коридилос и е запишана како единствената жена во Грција на која ѝ успеало да побегне.
Поради ненасилниот начин на којшто побегнала Оливера станала мошне популарна во Грција. Таму ја нарекувале и „жена – змеј“.

Девет дена по бегството се вратила во Белград, каде била безбедна затоа што Србија и Грција немале договор за екстрадиција, но повторно завршила во грчки затвор откако се вратила во „акција“ на добро познатиот терен во Грција.
Оливера овојпат во Грција била осудена на вкупно 32 години затворска казна, но по голем број апелации до вишите судови била пуштена на слобода во август 2017-та година, по пет години поминати во затвор.
Додека била во затвор почнала да ги отсликува затвроските ќелии, а таму ја напишала и својата прва книга „Пинк пантер: Моја затворска исповест“ што била објавена во 2016-та година.
Во едно интервју Оливера рече дека не се кае за сè што направила и за животот што го водела. Сепак, смета дека е успешна мајка затоа што нејзиниот син Никола не се занимава со криминал, туку со кошарка.
Оливера денес е слободна жена и има свој Инстаграм профил што го следат 54.000 следбеници.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре...
Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен...
„Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре...
„Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б...
Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер...
Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...