Била „мозокот“ на кражбите на Пинк Пантер, побегнала од затвор во Грција – Факти за Оливера Ќирковиќ
- Детали
- сабота, 25 декември 2021
Оливера Ќирковиќ е српска авторка и сликарка и поранешна припадничка на меѓународната криминална организација „Пинк Пантер“ чии припадници се занимаваат со кражба на скапоцености и накит.
Оливера Ќирковиќ (52) била поранешна кошаркарка и играла во младинската репрезентација на поранешна Југославија, а била и спортски директор на женскиот кошаркарски клуб Црвена ѕвезда.
Во периодот од 1992-та до 1998-та година играла во клубот „Паграти“ од Атина и во тој период добро го запознала градот каде ги организирала кражбите од познатите златарници и продавници за скапа и брендирана облека.
Таа е позната и по тоа што објави две книги мемоари за тоа како станала член на групата Пинк пантер, насловени: „Пинк пантер: Моја затворска исповест“ и „Ја, Пинк Пантер: Исповест“.
Оливера денес е слободен граѓанин и неодамна беше забележана и на премиерата на филмот „Тома“, а во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:
Оливера во криминалните води навлегла благодарение на нејзиниот сопруг Среќко Ќирковиќ со кого го има синот Никола.
Сопругот ја запознал со поголем број луѓе што носеле крадена роба од Европа во Грција. Таа прво почнала од нив да купува крадени бунди, чевли и слично.