Ја нарекувале српската Брижит Бардо – фатална убавица која живеела раскошен, но тажен живот

Својот последен филм „La Villa delle anime maledette“ го снимила во 1982 година во Рим, по што ставила точка на филмската кариера, иако имала само 39 години.

Беба и Јосип имале прекрасен брак, но во 1994 година, по 23 години заедница, неочекувано за Беба, сопругот ја изневерил, а набргу после тоа се развеле.

Разводот бил особено трауматичен за Беба бидејќи Јосип инсистирал да го добие старателството над синот, а во таа борба бил толку немилосрден што се служел со лаги и манипулации.

Овој бизнисмен намерно ја прогласил Беба за алкохоличар и ја сместил во клиника за борба против зависности. После тоа ѝ понудил компромис – да заборави на детето што го родила и дека тој ќе му обезбеди најдобри можни услови за живот и ќе му го препише целиот недвижен имот.

Наводно, Беба повторно воспоставила контакт со синот Лео (39) дури кога тој заминал да студира во Лондон, а таа ја користела секоја можност да го посети таму.

Интересно е што на почетокот на 2000-тите, белградското радио Б92 ја прогласило Беба за „Најдобрата риба на векот“, а таа дошла да ја прими наградата, среќна затоа што помладите генерации ја доживеале така.

Беба денес живее во Дорчол каде што е родена и израсната. Вели дека го сака животот и ужива во него. И на 78 години изгледа фантастично. Таа е една од ретките што е родена дама, а тоа може јасно да се види и во осмата деценија од животот. Нејзината елеганција едноставно не бледнее со годините.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава