Ја нарекувале српската Брижит Бардо – фатална убавица која живеела раскошен, но тажен живот

Таа денес има 78 години и сè уште изгледа прекрасно. Ја добила титулата „Најдобрата риба на векот“, а во реалноста го живеела својот сон до 1994 година. Но, тогаш ѝ се случил неочекуван пресврт и започнал пеколот.

Srpskata-Brizit-Bardo-beba-Loncar-01.jpg

Десанка Беба Лончар (78) била актерка со ретка, елегантна убавина. Кадрите од филмот „Љубов и мода“ во кој таа крстосувала низ белградските улици во црвено-бел кариран фустан што ѝ го истакнувал тесниот струк се врежале во меморијата на публиката низ поранешните ЈУ-простори.

Во 1960 година, набргу по прикажувањето на ова филмско остварување, Беба ја добила титулата „секс симбол“ и прекарот „српската Брижит Бардо“.

Беба имала само 17 години кога животот на обична тинејџерка го заменила со живот на филмска дива. По улогата во филмот „Љубов и мода“ преку ноќ станала една од најбараните југословенски актерки, а остварила и низа други улоги со кои ѝ се отвориле вратите на европската кинематографија.

„Дојдоа кај мене и ми рекоа – ќе снимаш филм, ќе возиш веспа, ќе носиш убави фустани, ќе се возиш во авион … Тоа беше како сон“, изјавила Беба во една пригода.

„Многу среќа и случајности влијаеја на мојата кариера. На Запад бев интересна и како девојка која пристигнува во филмската индустрија зад Железната завеса“.

По улогата на викиншка принцеза во британско-југословенската копродукција „Долги бродови“, оваа нежна русокоса, која тогаш имала само 19 години, го избра Рим за следна дестинација.

Италијанците ја обожавале Бебаи нарекувајќи ја „убава кукла“ и „фатална русокоса“. Беба била голема ѕвезда во Рим, која соработувала и се дружела со големи ѕвезди како Марчело Мастројани, Ворен Бити, Масимо Раниери …

Заедно со славата и успехот пристигнале и големи пари. Така, Беба веќе на 19 години уживала во вкусот на луксузот – мерцедес, скапи бунди и големи дијаманти.

И додека мажите ширум Европа воздивнувале по Беба, таа својата љубов му ја подарила на еден маж – хрватскиот бизнисмен Јосип Радељак Дикан. Двојката го имала светот на дланка, но поминале 13 години пред Беба да го роди нивниот син Лео.

Беба неколку пати останувала бремена, но секоја бременост завршувала со спонтан абортус. Тоа биле тешки времиња за неа, но актерката истакнала дека има апсолутна поддршка од нејзиниот сопруг: Практично ја поминала бременоста со синот Лео во кревет. Во првите пет месеци Беба воопшто не станала од креветот.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава