Србин што глуми Дедо Мраз: „Дете од богато семејство ми побара автомобил и 5 милиони евра за подарок“

„На луксузен роденден славеникот дојде од Дедо Мраз да бара скапоцен автомобил и пет милиони евра, кога сум во костумот едвај дишам, а родителите ги туркаат расплаканите деца да се сликаат со мене за да добијат добра фотка за Инста“ – вели српски актер.

srpski-akter-dve-godini-e-dedo-mraz-sin-na-bogati-roditeli-mi-barashe-avtomobil-i-5-milioni-evra-za-nova-godina-01.jpg

Српскиот актер аматер Виктор Величковиќ испрати подолг текст објавен во Blic.rs во кој раскажа како е да бидеш Дедо Мраз секоја година. Тој проговори и за тоа како се чувствува во костумот, но и какви се желбите на децата и на родителите.

Како што вели долги години наназад избегнувал да ја игра улогата на дедото од Лапонија, но ете, во последните две години и тоа го стигнало, па деновите ги поминува во костум со бела брада и им дели пакетчиња на најмалите.

Како што вели можеби улогата не сакал да ја прифати затоа што ниту како дете не верувал дека Дедо Мраз постои и знаел дека некој „добронамерен човек со челични нерви облекува црвен костим и на лицето става бела брада за да се фотографира со децата додека тие држат пакетче“.

Од искуство, Виктор вели дека се случува половина од дечињата да плачат и да го загубат гласот од врескање затоа што дедото во црвено одело им внесува голем страв.

„Во 2019-та година почна мојата авантура на Дедо Мраз со Glumionica, но не со иравси, туку со автомобилот Dacia, а бидејќи во тој период бев мошне слаб мораа да ме „наоблечат“ за да изгледам поуверливо.

Имав многу облека на себеси. Џемпер, перница врзана со ремен, зимска јакна и на крај црвен капут со бело крзно. На лицето вештачка брада, вештачка коса, а врз косата капа. Дишев преку порите околу очите затоа што само тоа не ми беше покриено со коса и брада“ – вели тој.

Како што вели, работел на голем број претстави и доделување пакетчиња, а секој пат го молел Бог претставата да не се оддолжи да дојдат што е можно помалку деца, а во неколку случаи бил на раб на „вонредна состојба“.

„Немам воздух, а во секој локал ќе пуштат греење на луѓето да им биде пријатно, а на никој не му е грижа дека Дедо Мраз ќе се стопи како свеќа затоа што кислородот во мозокот ми е на резерва.

Но, тоа не е најголемата мака. Треба да го ислушате и концертот на децата што занемуваат од плачење, а упорните родители ги туркаат во скутот на човекот од кого се плашат. Сè за добра фотка на Инста, а јас сум на чекор до нервен слом“ – вели тој.

Како што вели во својата двегодишна кариера имал можност да работи и хуманитарни претстави во домови за деца без родители каде дечињата се радувале на скромните слатки и грицки.

„Сепак, ме дочека студен туш кога на луксузен роденден славеникот дојде од Дедо Мраз да бара скапоцен автомобил и пет милиони евра.

Иако притисокот веднаш ми ’скокна 200 со 100‘ за една милисекунда, морав да се воздржам и да бидам фин со голема насмевка на лице“ – вели тој.

Овој српски актер ни даде можност барем на кратко да добиеме увид со какви предизвици се соочуваат актерите што имаат можност да ја играат оваа улога секоја година, а неговите искуства дадоа увид и во однесувањето на децата, но и на родителите. 

Што мислите вие, лесно ли е да се биде Дедо Мраз? 

 Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава