Факти за Србинката што го освои Боливуд – има сопруг Индиец, води раскошен животен стил
- Детали
- сабота, 12 февруари 2022
Наташа Станковиќ е Србинка што во последните 10-тина години успеа да го освои Боливуд со своите улоги во поголем број познати индиски филмови. Таа редовно објавува видеа на својот Инстаграм профил на кои танцува.

За Србинката што го освои Боливуд ретко кој знае на нашиве простори, но таа е родена во Пожаревац, Србија во 1992-ра година.
Во 2012-та година се преселила во Индија, каде почнала да ја гради својата кариера како танчарка, модел и актерка.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:
Најголемата слава ја стекнала со улогата во политичката драма Satyagraha, по што учествувала во поголем број филмови, како и во индиската верзија на „Големиот брат“, позната како Bigg Boss 8.
На почетокот на својата кариера Наташа во 2015-та прво се појавила како модел во спотот на индискиот музичар DJ Wale Babu за песната Badshah.
Наташа во минатото беше во врска со познатиот боливудски актер Али Гони и привлекуваше големо внимание во индиските медиуми.
Наводно, причините за нивното раскинување биле аферите што тој ги имал со актерките Ели Аврам, и понекогаш со Урваши Раутела.
Во јануари 2020-та година, јавноста во Индија била мошне изненадена од вестите дека Наташа се верила со крикет играчот Хардик Панду, кој е мошне популарен таму и игра за националниот крикет тим.
Додека сите очекувале да ја најават свадбата, Наташа се појавила со огромен прстен и изјавила дека се венчале во тајност, за време на карантинот.
Тие во јули 2020-та година го добија синот Агастја, а на социјалните мрежи редовно споделуваат заеднички фотографии.
Неодамна во индиските медиуми излезе информацијата дека Наташа е бремена по вторпат, но таа ги отфрли таквите пишувања. Таа на Инстаграм има 3,2 милиони следбеници, а особено е популарна со видеата на кои танцува.
Повеќе фотографии од Наташа на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и...
„Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго...
„Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б...
Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат...
„Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...