Како изгледа денес Маја Марковиќ (43), пејачката на популарната српска група „Луна“ чии хитови ги обожававме (фото)

Таа е една од најистакнатите вокали во денс и поп музиката, која беше популарна во 90-тите и раните 2000-ти. Си ја пеете ли уште Šećeru?

Kako-izgleda-Maja-Markovic-Luna-denes-01.jpg

Сите танцувавме на песните на Маја Марковиќ, која е најпознатата пејачка на групата „Луна“. Маја денес изгледа подобро од кога било, а сè уште се занимава со музика.

Маја (43) беше личноста која ги одбележа првите години на 21 век на естрадата во Србија. Пејачката отпеа серија хитови за „Луна“, а сите беа вљубени во начинот на кој таа танцуваше, во нејзината убавина и глас.

https://www.youtube.com/watch?v=6L_Jits4nNs&ab_channel=GrupaLUNA

Откако ја напушти групата, таа се испроба во соло водите, но набргу се повлече од јавноста.

Маја ја најде љубовта на својот живот и се омажи за Синиша Сретковиќ Лудвиг со кој набрзо тргна на пат околу светот. Таа и нејзиниот сопруг со години настапувале на крстарења – тој како пијанист, додека таа пеела за гостите кои секогаш биле воодушевени од нејзиниот глас.

Тие, исто така, биле дел од основачкиот тим на продукциска компанија. На социјалните мрежи може да се види дека Маја денес изгледа одлично – нејзиниот стас и енергија се очигледни.

По Маја, во групата Луна се смениле неколку пејачки меѓу кои Кристина Чанковиќ, Зејна Муркиќ и Лидија Јаџиќ, па Ивана Круниќ, а денес Теодора Мијушковиќ.

Но, кој може да ја заборави прекрасната Маја и нејзините хитови? Дали ви буди носталгични спомени?

https://www.youtube.com/watch?v=goZ0F4Dulvg&ab_channel=GrupaLUNA

https://www.youtube.com/watch?v=b1SxVbx5qcQ&ab_channel=GrupaLUNA

https://www.youtube.com/watch?v=mna9ymt3pZc&list=PLiiHFp1YOMrmi_9bxw9vGN1LYlJUCMff3&index=2&ab_channel=GrupaLUNA

https://www.youtube.com/watch?v=DOb_vDB_s4g&list=PLiiHFp1YOMrmi_9bxw9vGN1LYlJUCMff3&index=4&ab_channel=GrupaLUNA

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава