Ја обвинуваа дека му го растурила бракот на Раста, дует со „2Бона“ – Факти за атрактивната Елена Китиќ

Ја обвинија дека таа го растурила бракот на Раста и Ана Николиќ, во врска е со скандалозен учесник во реалното шоу „Задруга“, а гради сосема поинаква кариера од нејзините родители - што знаеме за српската трап пејачка?

ja-obvinuvaa-deka-mu-go-rasturila-brakot-na-rasta-duet-so-2bona-fakti-za-elena-kitikj-01.jpg

Елена Китиќ (24) е српска трап пејачка. Нејзини родители се турбо-фолк пејачот Миле Китиќ и фолк пејачката Марта Савиќ, но Елена има свој сопствен стил на музика и се обидува сопствената кариера да ја насочи во поинаква насока.

Се очекува наскоро да излезе нејзиниот дует со српскиот пејач Војаж, а во изминатиот период имаше повеќе дуети со други познати српски музичари.

Нејзиниот татко Миле во една прилика даде изјава во која кажа дека никогаш не влијаел врз изборот на неговата ќерка, дека тој бил тука само за да ја советува, но не и да ги носи нејзините одлуки:

„Додека беше млада, ниту тогаш не можев да влијаам на нејзиниот избор. Дури ни Марта не можеше. Имаше коментари: ’Возможно ли е ова да е ќерката на Миле Китиќ?‘.

Таа е во друг свет, пее друга музика, има поинакви размислувања. Не се мешав, Марта понекогаш, но ниту таа не го правеше таа премногу. Ја пуштивме сама да ги направи сопствените избори“ – рече Миле.

Освен по познатите родители Елена е позната по екстравагантниот изглед, луксузниот начин на живот, но и по љубовните романси.

Во продолжение неколку интересни факти за неа:

Елена Кититќ е родена на 11-ти август 1997-ма година во Хановер, Германија каде поминала поголем дел од детството, а денес живее и работи во Белград. Како дете на познати музичари Елена од најмала возраст се навикнала на животот во фокусот на јавноста.

Во 2014-та година, на возраст од 17 години Елена ја снимила песната Better Days на англиски јазик и имала желба да направи светска кариера, но сфатила дека полесно ќе биде доколку пее на српски јазик и доколку оствари соработки со српските колеги.

Во 2016-та година Елена го постигнала првиот голем успех со песната што ја снимила заедно со Јала Брат, Фолира. Во 2017-та година се појави веста дека нејзините родители одлучиле да ја изненадат својата ќерка со подарок од 300.000 евра, кога ѝ купиле стан од 150 метри квадратни во Нови Београд, затоа што таа е полнолетна и сакала да живее сама.

Во 2018-та година Елена ја објави песната Гето принцеза. Музиката, текстот и аранжманот за оваа песна се на Стефан Ѓуриќ Раста. Паралелно со објавувањето на песната, во српските таблоиди почнаа да кружат написи дека Елена е во тајна врска со Раста и дека заради неа почнале проблемите во бракот помеѓу српскиот крал на „аутотјун“ музиката и Ана Николиќ.

Уште неколку факти за Елена на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...

Најчитани неделава