Мие раце во Ерусалим, на сцена фрла пешкири во публика – Зошто сите ја обожаваат Констракта, која е хит на твитер? (фото+видео)

Патувањето на Констракта во Израел привлече големо внимание. Таа си ги изми рацете пред Ѕидот на плачот во Ерусалим, а фрлаше пешкири во полната сала која едногласно пееше: „Бити здрава, бити здрава...“

fanovite-treba-da-objavat-videa-od-toa-kako-gi-mie-racete-niz-celiot-svet-konstrakta-povtorno-hit-na-tviter-01.jpg

Откако ја освои балканската публика со заразниот ритам на песната In corpore sano, српската пејачка Ана Ѓуриќ - Констракта се претстави и во Израел во рамки на фестивалот Israel Callling.

И во Израел, слично како и во Белград, Констракта настапи со нејзините веќе препознатливи реквизити, крпи за бришење, сапун за раце, леген, а исто така фрлаше пешкири и во публиката.

Што се однесува до стајлингот, Констракта овојпат белиот мантил го замени за црвен фустан со бели патики и високи чорапи, а од чантата извади сапун и гласно кажа на англиски: „Имам сапун“.

Присутните на глас ја пееја песната што Констракта ја пееше на српски јазик, а тоа може да се види и од видеата што се споделуваат на Твитер.

Дополнително, нејзиното патување повторно стана хит на социјалните мрежи. Таа претходно сподели фотографија на Инстаграм во бањарка до која напиша: „Подготвена за прес“.

fanovite-treba-da-objavat-videa-od-toa-kako-gi-mie-racete-niz-celiot-svet-konstrakta-povtorno-hit-na-tviter-02.jpg

Исто така и нејзиното видео на кое се гледа како ги мие рацете пред да го посети Ѕидот на плачот во Ерусалим почна да се споделува масовно на Твитер.

fanovite-treba-da-objavat-videa-od-toa-kako-gi-mie-racete-niz-celiot-svet-konstrakta-povtorno-hit-na-tviter-03.jpg

„Треба да направиме фан профил со тоа како ги мие рацете низ целиот свет“ – стои во еден коментар на Твитер.

„Сигурно ги земала пешкирите од пералната во хотелот“ - стои во друг коментар.

„Мора да си купи ново столче во секој град каде што ќе настапува“

Погледнете го настапот на Констракта во Израел:

https://www.youtube.com/watch?v=FCQ79Y1Y7QU

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Колку е убав“ - Душко Тошиќ ѝ покажа на Карлеуша каков мангуп изгубила со фотки од себе на одморот ... Во вртоглаво скапиот ресорт во Турција, Душко денски покрај плажа, одвојува врем...

Најчитани неделава