Факти за Жељко Јоксимовиќ - гласини дека бил во врска со Цеца, сопругата му приреди гламурозна забава за 50-тиот роденден
Леонтина неодамна имаше интервју за српските медиуми во кое истакна дека тие двајца имале бурна расправија по која не разговарале осум години, но не сакаше да каже дали шпекулациите за наводна врска се точни.
„Бев на врвот на кариерата и заради тоа медиумите ме поврзуваа со голем број мажи, па и со него. Врската меѓу нас никогаш не беше потврдена, тоа беа само медиумски претпоставки, ние бевме навистина добри пријатели и соработници“ – вели таа.
https://www.facebook.com/leontinaofficial/photos/a.765656183492486/765656220159149
Пред да се запознае со Јована, Жељко бил во врска со уште една ТВ водителка. Жељко и Адријана Чортан биле заедно до 2008-ма година, а денес таа е во брак со успешен српски бизнисмен кој ја запросил на бината за време на концерт на Џибони.
Низ годините имаше трачеви дека е во врска и со Цеца Ражнатовиќ и со Романа Паниќ, но тоа никогаш не беше потврдено. Цеца во една прилика рече дека со Жељко се знаат од деца, кога заедно учествувале на натпреварувањата за пејачи-аматери.

Неодамна ќерката на Цеца, Анастасија во гостувањето кај Огнен Амиџиќ рече дека како мала ја терала мајка ѝ да биде во врска со Жељко.
Во 2008-ма година Жељко ја започна врската со денешната сопруга Јована. Се вериле во 2011-та година, а по неколку дена раскинале. Во медиумите имало шпекулации дека Јована го изневерила со кошаркарот Саша Ѓорѓевиќ.
Откако се смириле, во јануари 2012-та година имаа бајковидна свадба на Малдивите, а во 2014-та година се венчаа и во црква. Заедно имаат три деца, синот Коста (8) и близначките Ана и Срна (4).
Прочитајте и Факти за Јована Јоксимовиќ (40) - раскина свршувачка за Жељко Јоксимовиќ, па доживеа бајковита свадба со него на Малдиви
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“
Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца на одмор во Шпанија: Плива во базен и пие коктели во луксузен клуб на плажа, каде се игра и мав...
Цеца ужива во луксузот на La Cabane by Dolce&Gabbana во Марбеља. Откако ја п...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“
„Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени
Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ...
Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години
„Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...