Српскиот фудбалски репрезентативец Марко Гобељиќ ужива во љубовта со една од најатрактивните пејачки (фото)

Тие се еден од најатрактивните српски парови, имаа бајковита свадбена церемонија, Катарина Грујиќ бргу се врати во форма по породувањето, а сега ги покажаа и раскошните покани за црковната венчавка.

srpskiot-fudbalski-reprezentativec-marko-gobeljikj-osvoi-edna-od-najatraktivnite-pejachki-foto-01.jpg

Српскиот фудбалер Марко Гобељиќ игра за клубот „Црвена ѕвезда“, но и за српската репрезентација.

Тој се венчаше со пејачката Катарина Грујиќ минатата година, но сега парот се подготвува за црковна венчавка, која ќе се одржи на 2-ри јуни годинава.

Тие веќе ги подготвија „кадифените“ покани за своите роднини и пријатели.

srpskiot-fudbalski-reprezentativec-marko-gobeljikj-osvoi-edna-od-najatraktivnite-pejachki-foto-02.jpg

Парот купи стан во Нов Белград во кој наскоро ќе се вселат, а веќе се реализираа и во улогата на родители на малата Катја.

„Јас сум новопечена мајка, бебето неодамна наполни 4 месеци. Најважна е добрата организација затоа што некогаш работите не одат по планот.

Мислам дека неопходно е да имате помош, бидејќи сами со партнерот не можете да постигнете. Плус тука е кариерата, па и да минете некое време со сопругот.

Кој може нека ги викне бабите на помош или ако е во можност нека си плати дадилка“, изјави Катарина за српските медиуми, но и истакна дека мајчинството е една од најубавите работи што можат да ви се случат во животот.

Таа е позната како една од најатрактивните пејачки во Србија и брзо по бременоста се врати во форма.

Како изгледаше свадбата на атрактивниот пар:

Фотографии од атрактивниот пар на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српскиот тајкун Жељко Митровиќ со бизарно видео се пофали дека му пораснала цената на акциите - сурф... Тој неретко се однесува бизарно и скандалозно, а токму такво е и ова негово виде...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Братот на Немања Гудељ се смири со бившата девојка, по наводната врска со атрактивна српска пејачка ... Папарацо фотографите го уловија со атрактивната пејачка Ема Радојко, но тој не ј...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...

Најчитани неделава