Јавно кажува дека Брена не ѝ е свекрва, се срамела да снима љубовни сцени – Факти за Александра Пријовиќ, снаата на Боба Живојиновиќ
Во 2016-та година почнаа првите шпекулации дека таа е во врска со најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, а потоа се покажа дека таа е со неговиот полубрат Филип, а се запознале на забавата организирана од Виктор.
Филип Живојиновиќ е син на сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ од првиот брак со Зорица Десница. Тој е роден во 1985-та година и е 10 години повозрасен од Александра Пријовиќ. Сепак, по разводот на неговите родители останал да живее со Боба и со Брена и пораснал заедно со неговите полубраќа Стефан и Виктор.
Набрзо почнаа да кружат гласини дека Александра е бремена, а во медиумите по овие вести почнаа шпекулации дека наводно Лепа Брена се противи на врската и дека тие двајца раскинале. Сите овие информации веднаш беа демантирани.
Александра и Филип во 2016-та година почнале да живеат заедно, набрзо се свршиja, а во 2018-та година следуваше и свадбата.
На меден месец отпатуваа во семејната куќа во Монте Карло, а потоа беа на крстарење на Јадранското Море заедно со Брена и Боба Живојиновиќ. По ова одморот го завршиja на Јамајка.
По ова следеа вестите дека Александра е бремена, а во март 2019-та година го добија синот Александар.
За односот на Брена и Александра Пријовиќ честопати се шпекулира во медиумите, а во една прилика младата пејачка потенцира:
„На моите колешки многу поголем проблем им е мојот брак, отколку мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми ги простат и да поминат преку нив, но не можат да ми простат што се омажив за него.
Некогаш излегува дека без Филип и без Брена немаше да успеам. Мене Брена не ми е свекрва, мене свекрва ми е мајката на Филип, Зорица“.
Во сличен правец одат и изјавите на Лепа Брена која во една прилика рече дека не му е баба на малиот Александар, туку е сопруга на неговиот дедо. За Александра вели дека е фантастична мајка која веднаш станалa по царскиот рез, не е размазена и мошне е посветена на бебето.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби...
Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ...
Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Лепа Брена: „Се чувствувам светски затоа што можам да одам каде било - Боба не ми забранува ништо“
„Важно е да имате вистински партнер во животот... Боба и јас сме компатибилни, и...
Пред Пријовиќ, Филип Живојиновиќ беше свршен со тогаш 19-годишната Софија Мило - зошто им прекина љу...
„Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи ...
Лепа Брена, Карлеуша: Какви „каприци“ имаат најголемите балкански ѕвезди пред настапи?
И додека Џеј Ло побарала дополнителни 9 соби за пресоблекување во хотелот каде б...
Александра Пријовиќ сака да ги „покаже“ парите - Прошета со чанта од 9.000 евра и сако од 2.500 евра
Александра Пријовиќ се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckha...