Александра Пријовиќ сака да ги „покаже“ парите - Прошета со чанта од 9.000 евра и сако од 2.500 евра
- Детали
- недела, 05 април 2026
Александра Пријовиќ се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckham, вреден 920 евра, со црно сако од модната куќа Bottega Veneta од 2.570 евра и низа други детали. Наводно носи и алка од 43.000 евра. И ова е само еден од нејзините скапи аутфити...

Александра Пријовиќ (30) не штеди пари кога станува збор за стајлингот и сака да купува луксузни и скапи парчиња.
На една приватна прослава се појави во комбинација чија вкупна вредност се проценува на импресивни 50.000 евра.
Секој детаљ од аутфитот е внимателно избран, а доминираат парчиња од престижни светски модни куќи.
Таа се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckham, вреден 920 евра, со црно сако од модната куќа Bottega Veneta од 2.570 евра.
Особено се истакна луксузната чанта украсена со кристали од Chanel, чија цена достигнува 8.900 евра, како и црните чевли од истиот бренд вредни 1.830 евра.
Сепак, најголемa инвестиција српските медиуми пишуваат дека бил впечатливиот накит – алка од Cartier (која не се гледа на фотката погоре), чија вредност се проценува на дури 43.700 евра, со што дополнително се зголеми вкупната цена на ова гламурозно издание.
И додека едни ја фалат нејзината елеганција и стил, други сметаат дека е претерување да се носат толку вредни парчиња во една комбинација.
Што мислите вие за нејзиниот стил?

