Хрват изоде 107 метри под вода во еден здив и го сруши Гинисовиот рекорд: „Можев и подобро“

Замислете само да држите здив околу пет минути под вода, а потоа замислете и да чекорите на дното на полн базен. Ова му успеа на хрватскиот нуркач Витомир Маричиќ кој го сруши Гинисовиот рекорд за најдолго одење под вода во еден здив.

hrvat-izode-107-metri-pod-voda-vo-eden-zdiv-i-go-srushi-ginisoviot-rekord-mozhev-i-podobro-01.jpg

Хрватскиот нуркач Витомир Маричиќ го сруши Гинисовиот рекорд за најдолго одење под вода во еден здив. Тој успеа да изоди 107 метри на дното на базен во Опатија, во еден здив, за пет минути.

Со тоа Витомир го сруши рекордот што претходно го држеше друг Хрват, Борис Милошиќ, кој во 2020-тата година успеа да изоди 96 метри во еден здив.

Витомир вели дека не чувствувал потреба да тренира премногу за да го сруши Гинисовиот рекорд.

„Како професионален нуркач немам потреба премногу да се подготвувам за рушење рекорд со задржување на здивот“ – вели тој и додава дека би можел под различни услови да сруши повеќе рекорди.

Тој смета дека и во однос на сегашниот резултат за одење под вода би можел да постигне поголеми успеси во иднина.

„Можам многу подобро, но, ова се снимаше во живо и затоа сакав да бидам внимателен и прецизен“ – открива нуркачот.

Витомир кој по потекло е од Ријека пред 4 години почнал да се занимава со професионално нуркање.

Погледнете го видеото од соборувањето на Гинисовиот рекорд:

Витомир редовно објавува фотографии нa неговиот Инстаграм профил, погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Турист предупредува: „Бев на одмор во Црна Гора, наидов на рибата лав - прекрасна е, но отровна, вни... „Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода. Рибата лав е мно...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Мустафа Сандал прослави 4 години брак со саканата Мелис со фотки од патувања низ светот: „Ни оди сè ... „Свесна си, нели? Секоја година ни оди сè подобро. Среќен сум што те имам, моја ...

Најчитани неделава