85-годишна старица од Лефкада 7 децении служи кафе и узо во својот дом – ја омажиле со сила, цело село ја чува

„Лабрини на Лефкада веќе 7 децении трпеливо ги чека своите гости и со широка насмевка го нуди највкусното грчко кафе што некогаш сум го пиела. Нејзиниот локал дише со живот и шаренило“ – открива Kristina Shears во нејзината објава на Фејсбук страната Live from Greece.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-01.jpg

Грчкиот остров Лефкада сместен во Јонското Море е позната дестинација за голем број туристи заради големиот број песочни плажи, неповторливите погледи, а оваа корисничка на Фејсбук откри еден скриен „бисер“ што би можеле да го посетите.

Според неа, убавината на ова место не се крие во модерниот ентериер или мени, туку во самата газдарица што веќе седум децении ги пречекува своите гости.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-02.jpg

Администраторката на Фејсбук групата Live from Greece, Kristina Shears објави кратка емотивна приказна за старицата што редовно ја посетува кога оди во посета на овој грчки остров.

Проследете ја објавата во целост:

Баравте малку поинаква Лефкада.

Ова е првиот дел.

Во малото село во планинскиот дел на Лефкада во селото Хортат во близина на Каламици имате одлична можност да застанете и да се одморите од кривините и возењето до плажата.

Тука, во самиот центар на ова мало и на прв поглед не толку специјално место се крие мало кафуле чијашто убавина не се крие во убавите маси и модерни столчиња, туку во Лабрини, која веќе 7 децении трпеливо ги чека своите гости и со широка насмевка го нуди највкусното грчко кафе што некогаш сум го пиела.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-04.jpg

Јас и Лабрини во последните 10 години изградивме несекојдневно пријателство и посетата на нејзиниот удобен дом, што во исто време е и нејзино работно место, секогаш ми го грее срцето, а некогаш и ми навираат и солзи.

Оваа слатка и скромна старица, од метро и половина има 85 години. Се родила во градот Лефкада, но ја омажиле во ова село кога станала девојка.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-10.jpg

Лабрини ми кажа дека никогаш не го сакала својот сопруг, но дека тој бил добар човек, дека ја сакал и дека убаво се грижел за неа.

Таа е мошне важен дел од оваа селска заедница, сите ја сакаат и добро ја чуваат.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-03.jpg

Нејзиниот локал дише со живот и шаренило. Гордо ќе ви ја покаже својата мала бавча и ќе ве запознае со својата мачка Пеги (мора да напоменам дека оваа последната Пеги ја донела од Атина и тоа во автобус и никој немал срце да ѝ рече ‘не’. Го држела малото маче во прегратките цело време по патот, кому вообичаено му треба кафез!)

Спомените од нејзиниот долг живот се на сите страни, топол потсетник на нејзината младост и животот поминат во ова селце.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-09.jpg

Пред нејзината куќа гордо стои висока цреша, вкусни плодови за сите нејзини гости. Лабрини нема мени и служи само пиво, узо, ципуро, кафе и понекогаш Фанта или Кока Кола. Може да се случи и да нема ништо од наведеното ако не ѝ донеле од ‘Големиот град’.

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-06.jpg

Секогаш со гордост го носам моето семејство и пријателите кај Лабрини и таа секогаш се сеќава на сите и на секоја моја нова посета полна е со нови прашања: ‘Како е сестра ти? Како е брат ти? Како е твојата кума Јована и нејзиниот дечко Стево? Како е бабата на твојот сопруг?’

labrini-na-lefkada-7-decenii-go-sluzhi-najvkusnoto-kafe-taa-e-skrieniot-biser-na-ovoj-grchki-ostrov-09.jpg

Ако некогаш имате прилика да поминете покрај овој скриен бисер на Лефкада (а тука мислам и на мојата драга Лабрини) ве молам посетете ја. Однесете ѝ кесичка наше кафе и погледнете го тоа лице исполнето со брчки од смеење и очи полни со живот и љубов како го осветлуваат денот околу вас.

Б. С. Б. | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава