Лепа Брена (61) ги откри тајните на добриот изглед: „Не јадам торти и сè готвам на пареа“

Познато е дека Лепа Брена (61) и во седмата деценија има витка линија на која ѝ завидуваат многу помлади дами, а таа ги откри тајните на својот „вечен младешки изглед“. 

Lepa-Brena-za-svojot-izgled-01.jpg

Пејачката тврди дека својот убав изглед ѝ го должи на физичката активност и здравата исхрана.

„Без тренинг и здрав начин на живот не можеш да имаш витка линија. Пијам многу вода секој ден, медитирам и вежбам. Ако јас можам да бидам активна на 61 година, тогаш може секој. Кога патувам, се трудам да одам на плажа или базен и да пливам. Најважно е човек да не го запоставува телото, треба да го движиме секој ден“, вели пејачката и додава дека внимава и на гласот...

„Ние пејачите мора да внимаваме на гласот и да го негуваме. Не пушам затоа што тоа ги уништува гласните жици. Понекогаш сакам да наздравувам со пријателите со чаша вино, и тоа е сè“. Таа тврди дека го натерала и нејзиниот сопруг да го промени начинот на исхрана.

„Нездравата храна за мене е минато. Масните производи не доаѓаат предвид! Не јадам торти или колачиња и се чувствувам многу подобро. Сè што подготвувам го готвам на пареа или во вода, без капка масло. Успеав да го натерам и Бобо да јаде здрава храна.

Сега и нему му се допаѓа. Тој успеа да ослабе, а јас ослабев три килограми, но поради мојата висина многумина мислат дека ослабев најмалку десет килограми“, изјави пејачката.

Во последните неколку дена низ медиумите се шпекулира дека Александра Пријовиќ е бремена и дека таа и Филип Живојиновиќ чекаат уште едно дете, а Брена вели:

„Мислам дека нема да одговорам на ова прашање. Ако сакате да знаете, прашајте ја Александра“.

Многу пејачи велат дека им е доста со години да ги пеjат истите песни, но Брена вели дека тоа не е случајот со неа.

„Не ми е досадно. „Чачак“ ја снимив во 1982 година и дури и сега, со радост ја пејам затоа што ја следам емоцијата на мојата публика и она што таа со нетрпение го очекува.

Ако мојата публика е среќна кога ја пејам таа песна, ќе ја испеам 100 пати. Чачак ја пејам 40 години и уште не ми е досадна и мислам дека никогаш нема да ми биде здодее“, истакна пејачката.

Како изгледа Брена на прагот од седмата деценија од животот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава