Запознајте ја Виола Спиро, атрактивна спортска водителка од Албанија – луксузни патувања, врска со богат бизнисмен

Постојано оди на луксузни патувања, носи само брендирана облека, а ја поврзуваат со познат албански бизнисмен – Која е Виола Спиро, атрактивната албанска спортска водителка?

vo-vrska-so-bogat-biznismen-odi-na-luksuzni-patuvanja-zapoznajte-ja-viola-spiro-atraktivnata-albanska-sportska-voditelka-01.jpg

Виола Спиро (33) е препознатливо лице меѓу албанската публика, таа работи како спортска презентерка во албанската телевизија Klan. Важи за една од најубавите жени на телевизиските екрани во соседна Албанија.

Спортската презентерка се прослави како водителка на емисијата Sport Plus на албанската телевизија Klan.

Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии од неодамнешни патувања, излегувања и секако познати модни брендови, а постојано мами воздишки со нејзиниот атрактивен изглед. 

Во продолжение неколку факти за неа: 

Албанската презентерка која подолго време е присутна на малите екрани пред неколку години го промени имиџот и рече дека повеќе нема да објавува фотки во бикини, затоа што не сака да ја нарекуваат „секси“ девојка.

Таа во 2017-та година беше вклучена во скандал кога во Италија беше уапсен Валентин Селај, човекот со кого таа објавуваше фотографии, а се претпоставуваше дека ѝ е момче.

Во овој период Виола сакаше идентитетот на своето момче да го крие подалеку од очите на јавноста, а кога во италијанските медиуми излезе веста дека Валентин Селај е уапсен како „крал на кокаинот“ кој бил одговорен за транспортот на опојни супстанци од Италија до Холандија, нејзиното име се најде среде скандал.

Претходно Виола поминуваше многу повеќе време во патувања отколку пред малите екрани, а се шпекулираше дека наскоро ќе го напушти работното место затоа што нејзиното момче било многу љубоморно.

Сега, неколку години подоцна, Виола сосема го промени имиџот, а ја поврзуваат со друг богат бизнисмен од Тирана што се занимава со продажба на нафта.

Таа и понатаму е присутна пред малите екрани, а на Инстаграм редовно објавува фотографии од своите патувања:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...
Празнична магија во домот на Лидија Вукичевиќ - природна елка со воз на шини, камин и безброј украси... „Бајката ја направив сама, а магијата ја делам со вас“, напиша таа на Инстаграм ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Односот на Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ: Таа сака и 5-то дете со него, тој ја изневери и со транс... „Ние го живееме нашиот живот, а не медиумски. Научив дека секое чудо трае три де...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...

Најчитани неделава