Актерката која ја глуми Јованка во турската серија „Балканска приказна“ покажа како ги поминува деновите во Скопје (фото+видео)

Турската актерка Мерих Озтурк која ја толкува главната улога во новата турска серија „Балканска приказна“ што се снима во Скопје, на својот Инстаграм профил објави кратко видео од повеќе локации низ Скопје што имала можност да ги посети.

turskata-akterka-merih-ozturk-od-serijata-balkanska-prikazna-so-magichno-video-leto-vo-skopje-foto-video-01.jpg

Турската актерка Мерих Озтурк ја толкува улогата на Јованка во новата серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), а преку кратко видео објавено на Инстаграм покажа дека слободното време од снимањето го користи за да ги посети музеите и туристичките знаменитости низ Скопје.

turskata-akterka-merih-ozturk-od-serijata-balkanska-prikazna-so-magichno-video-leto-vo-skopje-foto-video-02.jpg

Старата скопска чаршија, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Мостот на уметноста, но и кањонот Матка се само некои од локациите што се најдоа во кратката видео компилација што таа ја објави на Инстаграм.

Инаку, Мерих Озтурк важи за една од најубавите Турчинки - таа во 2018-та година ја добила наградата за најдобар модел на Турција.

Серијата „Балканска приказна“ почна да се емитува на турскиот канал TRT и во моментов е една од најгледаните телевизиски програми во Турција. Во неа се говори за забранетата љубов помеѓу двајца млади од двете страни на Вардар и нивните семејства.

turskata-akterka-merih-ozturk-od-serijata-balkanska-prikazna-so-magichno-video-leto-vo-skopje-foto-video-03.jpg

Прочитајте и Една од најубавите Турчинки ја глуми Македонката заљубена во „забранет“ дечко – кои се актерите од турската серија што се снима во Скопје?

Мерих редовно објавува фотографии и видеа од снимањето на серијата, погледнете дел од нив:

https://www.instagram.com/tv/CfRme8BuMrl/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Новата девојка на Душко Тошиќ со прва изјава: „Вљубена сум во него, не е точно дека сум ѝ водела Феј... „Го разбирам интересот на медиумите, но мора да се почитуваат некои граници. Бид...
Детали за новата девојка на Бака Прасе - атрактивната Милена од Нови Сад е позгодна и од Ања Бла Студира медицина, но се преставува како инфлуенсерка и има 117.000 следбеници, в...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава