Една од најубавите Турчинки ја глуми Македонката заљубена во „забранет“ дечко – кои се актерите од турската серија што се снима во Скопје?

Во турската серија Balkan Innisi, улогата на Јованка, убавата Македонка која се вљубува во дечко од другата страна на Вардар и нивната љубов е забранета, ќе ја толкува една од најубавите Турчинки. Кои други актери ќе ги видиме во новата серија што се снима во Скопје и кога ќе се емитува?

edna-od-najubavite-turchinki-kje-ja-glumi-jovana-koi-akteri-se-pojavuvaat-vo-novata-turska-serija-shto-se-snima-vo-skopje-01.jpg

Од септември, на турската телевизија ТРТ 1 треба да почне да се емитува новата турска серија Balkan Ninnisi што деновиве почна да се снима на повеќе локации во Скопје.

Публиката во Турција и во Македонија со нетрпение ја очекува приказната за забранетата љубов меѓу дечко и девојка од двете страни на Вардар, која во текот на ова лето ќе биде целосно снимена во Македонија.

За време на снимањето на првите сцени, најголемо внимание привлече појавата на турскиот актер Ердал Озјагџилар, кој на македонската публика ѝ е добро познат по улогата на Рамиз, во серијата „Збогум Румелија“ и „Зет Домазет“.

Ова не е првпат Ердал да снима во Македонија. За потсетување, серијата „Збогум Румелија“ беше снимена на локации во Битола, Охрид и мариовските села, а токму заради тоа и заради единствената приказна привлече големо внимание и кај македонската публика.

Улогата на девојката Јованка, во серијата ќе ја толкува Мерих Озтурк (22), познат турски модел и актерка. Таа во 2018-та година ја добила наградата за најдобар модел во Турција.

Мерих досега играла во повеќе турски серии, а на Инстаграм сподели фотографии од аеродормот во Истанбул, до кои напиша:

„Добри вести. На пат сум до Balkan Ninnisi. Се гледаме во Македонија. Јованка, не можам да дочекам да те оживеам.“

Улогата на дечкото во серијата ја толкува турскиот актер Емре Беј (24). Младиот актер е познат кај турската публика по улогите во повеќе познати турски серии, а внимание привлекува како со талентот за глума, така и со добриот изглед.

Меѓу другите попознати актери е и Хакан Бојав кој играше во повеќе турски серии што се емитуваа и во Македонија, „Долина на волците“, „Девојката од чифликот“, „Имотот на дамата“, итн.

Тој во серијата ќе го игра таткото на Јована, а на Инстаграм сподели селфи фотографија направена на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Новата девојка на Душко Тошиќ со прва изјава: „Вљубена сум во него, не е точно дека сум ѝ водела Феј... „Го разбирам интересот на медиумите, но мора да се почитуваат некои граници. Бид...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
Детали за новата девојка на Бака Прасе - атрактивната Милена од Нови Сад е позгодна и од Ања Бла Студира медицина, но се преставува како инфлуенсерка и има 117.000 следбеници, в...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...

Најчитани неделава