Приказна за забранетата љубов помеѓу дечко и девојка од двете страни на Вардар – нова турска серија се снима во Скопје (видео)

Приказната за забранета љубов меѓу двајца млади луѓе од различни националности е главната тема на новата турска серија Balkan Ninnisi што овој месец почна да се снима на повеќе локации во Скопје. А, изведбата на „Јовано, јованке“ во видеото ќе ве наежи.

izvedbata-na-jovano-jovanke-kje-ve-naezhi-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-od-rezhiserot-na-dolina-na-volcite-01.jpg

На турската телевизија TRT 1 наскоро треба да почне да се емитува серијата Balkan Ninnisi (англ. Balkan Lullaby) која на 14-ти мај годинава почна да се снима на различни локации во Скопје.

izvedbata-na-jovano-jovanke-kje-ve-naezhi-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-od-rezhiserot-na-dolina-na-volcite-02.jpg

Турската и македонската публика со нетрпение го очекуваат емитувањето на новата серија чиешто дејствие започнува во Скопје, а ја следи приказната за забранетата љубов меѓу момче и девојка од различни националности.

izvedbata-na-jovano-jovanke-kje-ve-naezhi-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-od-rezhiserot-na-dolina-na-volcite-03.jpg

Веќе е објавен првиот трејлер за серијата, а тој е снимен на Камениот Мост во Скопје којшто ги спојува двете страни на Вардар, со поглед на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“ .

izvedbata-na-jovano-jovanke-kje-ve-naezhi-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-od-rezhiserot-na-dolina-na-volcite-04.jpg

Режисер на филмот е Доан Умит Караџа, човекот што стоеше и зад режијата на сериите „Долина на Волците - Заседа“ и „Збогум Румелија“, а приказната подеднакво ќе опфаќа сегменти и од животот на турските и македонските семејства на двајцата млади протагонисти.

izvedbata-na-jovano-jovanke-kje-ve-naezhi-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-od-rezhiserot-na-dolina-na-volcite-05.jpg

Според најавите, во серијата двајцата млади луѓе случајно се среќаваат на Камениот Мост во Скопје, а ќе направат сѐ за да ги надминат предизвиците и да ја одбранат сопствената љубов.

izvedbata-na-jovano-jovanke-kje-ve-naezhi-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-od-rezhiserot-na-dolina-na-volcite-06.jpeg

Корисниците на Твитер од Македонија веќе реагираат за објавениот трејлер и со нетрпение ги очекуваат првите епизоди.

„Јовано, јованке ме расплака“, „Одамна не сум гледал турска серија, ама може оваа да се гледа“ - стои во некои од коментарите.

Инаку, ова е втора серија што режисерот ќе ја снима на локации во Македонија, за потсетување, серијата „Збогум Румелија“ во 2015-та година беше снимена во Битола, Охрид и во мариовските села.

Погледнете го трејлерот за новата турска серија:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таен остров, ексклузивна забава за избрани млади луѓе и мистериозен пијалак: Што се крие зад новата ... „Дали сте среќни?“ - Со ова прашање Зоа и уште неколку атрактивни млади луѓе,&nb...
5 турски серии на Нетфликс кои се поразлични од оние кои ги гледаме на малите екрани Многумина секојдневно слободното време го поминуваат пред малите екрани и уживаа...
Натали Портман стравувала за животот, Хоакин Феникс мислел дека полудува – Актерите искрени за нивни... На Адриен Броди му биле потребни шест месеци за да се соземе од снимањето на The...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg