Србинка води бајковит живот во Калифорнија - сопруг богат наследник, 3 деца (фото)

Ивана за себе вели дека е горда Србинка, која живее во Калифорнија, и мајка на 3 деца, која ја ставила кариерата на пауза за да се посвети на семејството. „Јас се оженив за жената од моите соништа и и по 14 години брак сум најсреќниот човек на светот“, вели нејзиниот сопруг.

soprug-milioner-3-deca-srbinka-vodi-bajkovit-zhivot-vo-kalifornija-foto-01.jpg

Ивана Божиловиќ (44) од Белград, Србија уште како дете се преселила во Чикаго, а веќе 14 години е во брак со Ендрју Фајрстон, бизнисмен, ТВ лик и потомок на основачот на компанијата за гуми „Firestone Tire and Rubber Company“.

Парот има 3 деца заедно и води бајковит живот во Калифорнија. Ивана покрај како модел, има работено и како актерка.

soprug-milioner-3-deca-srbinka-vodi-bajkovit-zhivot-vo-kalifornija-foto-02.jpg

Ендрју постојано вели дека се оженил за жената од неговите соништа и дека и по толку години брак уште се чувствува како најсреќниот човек на светот и не би променил апсолутно ништо.

Во една пригода тој објави фотографија од неа во чиј опис напиша:

„Кога Ивана и јас почнавме да се состануваме пред повеќе од 15 години, јас ја придружував и седев трпеливо на продукцискиот сет, додека таа константно снимаше и закажуваше рекламни кампањи. Всушност, јас бев нејзина придружба на првото појавување на црвениот тепих заедно за време на филмска премиера на Менхетн.

Две години подоцна, Ивана направи неверојатна жртва за мене и нашето семејство и ја стави нејзината кариера на пауза кога се отселивме од Лос Анџелес. Таа го направи тоа за да ми даде поддршка и да ги воспитува нашите 3 деца. Не минува ниту ден, а да не се сетам колку сум среќен поради нејзината посветност.

Но, сега Ивана се врати пред камерите и не можам да бидам погорд на неа. Мислам дека нејзиниот агент никогаш не помисли дека преселбата на село и растењето на нејзините деца таму беше мудар избор кога станува збор за кариерата, но мислам дека јас верував.

И, ете ја повторно. Злато, не грижи се, децата стигнаа до училиште и им спакував и појадок.“

Повеќе фотографии од прекрасното семејство:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српски фудбалер, кој игра за клубот „Lazio“, има за сопруга една од најубавите жени на светот (фото) Извајано тело, продорни сини очи, но и немање желба медиумски да се експонира ка...
Северина меси леб, Емина Јаховиќ вежба: Што прават регионалните ѕвезди на Инстаграм деновиве? Николија се појави во најсмелото издание досега, Данијела Димитровска му покажув...
Хит видеа: Како се однесува типичен Балканец? Другите нации појадуваат житарки или нешто скромно, додека Балканците имаат мрсе...
Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“? Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една ...
Ја отпеа „Тек је 12 сати“, на 53 години изгледа подобро отколку во младоста – Каде е денес Вана од „... „Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мег...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg