Емина Јаховиќ се жали за семејните случки по разводот, новата сопруга на Мустафа Сандал блеска (фото)
- Детали
- среда, 22 април 2026
„Во Турција се чувствувам како странец, иако децата ми се Турци. Јаман зборува српски, а Јавуз одбива. Инаку, Мустафа беше „лош полицаец“, а јас „добар“ со децата додека бевме во брак. Кога останав сама, бев беспомошна...“, емотивно вели Емина Јаховиќ. Втората сопруга на Мустафа Сандал, пак, е поубава од кога било. Таа има еден син од претходна врска.

Пејачката Емина Јаховиќ се разведе во 2018 година од турскиот пејач Мустафа Сандал, по десет години брак, но и понатаму верува во љубовта и заедницата.

Поради љубовта таа за него го напушти целиот живот во Србија и замина во Турција, каде што се омажи со него и роди два сина.

Пејачката не крие дека не размислува многу кога се вљубува и дека, и по брак долг една деценија, сè уште верува дека има место за нов почеток.

Емина за српските медиуми вели:
„Кога се разведов, мислев дека никогаш повеќе нема да се омажам, а сега сè повеќе мислам спротивно…
Повредени сме, паѓаме и повторно стануваме. Јас сум жена која го сака бракот.

Не ми е природно ако имаш партнер, а си во одредени години, да го претставуваш како дечко – поубаво е да кажеш: „Ова е мојот сопруг“.

Таа додава дека би можела повторно да го смени местото на живеење во име на љубовта.
„Мојот живот одамна е во куфери. Колку повеќе минува времето, толку повеќе светот ми се намалува во главата.
Не ми е важно дали е тоа Истанбул или Белград.
Само во Америка не би можела да живеам. Воспитана сум поконзервативно.
