Tea Taировиќ на Малдиви, Николија во Италија: Каде уживаат познатите дами од регионот?
- Детали
- сабота, 24 јануари 2026
Теа Таировиќ блеска од среќа на медениот месец со сопругот Иван на Малдиви, Николија скија во Италија, додека кружат гласини за наводна афера на нејзиниот сопруг Реља Поповиќ, а Едита го покажува трудничкото стомаче во Дубаи.

Познатите дами од регионот зимскиот период го користат за патувања и релаксација. Некои избраа сонце и бикини, други, пак, скијање и планина.
Едита Арадиновиќ уживаше во Дубаи, каде што го покажа трудничкото стомаче.
Градот на модерни облакодери и бескрајни плажи ѝ обезбеди одличен одмор и на Дара Бубамара.
Теа Таировиќ, пак, избра да отпатува на Малдиви. Таа ужива со сопругот Иван на меден месец во овој тропски рај, далеку од секојдневните обврски и папараците.
Тања Савиќ одлучи зимата да ја помине на планина во Бугарија, а Николија скија во Италија, додека медиумите пишуваат за наводната афера на нејзиниот сопруг Реља Поповиќ.
Каде уживаат познатите дами од регионот:
Теа Таировиќ на Малдиви со сопругот
Николија Јовановиќ во Италија



