Гласини за неверство, го отследи од Инстаграм - Дали по 11 години „пукна“ врската на Реља и Николија?
- Детали
- петок, 16 јануари 2026
„Анита рече дека сек*от со Реља бил невидено добар и дека се виделе 3 дена пред таа да влезе во Елита, па и тогаш биле интимни“, тврди еден од учесниците на реалното шоу и ги подгреа гласините дека пејачот ја изневерил Николија, со која е 11 години во љубов.

Една од главните теми на српските медиуми во изминатите денови е љубовната приказна на пејачите Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ.
Парот е заедно 11 години и имаат две деца, но, се чини дека е крај на нивната врска.

Причината за ова е наводното неверство на Реља, по што Николија веќе не го следи на Инстаграм.
На Твитер велат дека „тоа е сигурен знак дека веќе не се заедно“.
Иако ни Реља ни Николија не зборуваат на темата, се знае дека пејачката замина од Србија со децата, а дека нејзиниот партнер, со кого никогаш не стапи во брак, не е со нив.
Неколку медиуми ја прашаа за коментар мајката на Николија, Весна Змијанац, која тврди дека тоа не е вистина.
„Реља да ја изневерува Николија? Ма, такво нешто не постои. Тој си ги сака жената и децата најмногу од сè.
Не би направил такви ‘излети’, па ни да е Синди Крафорд во прашање. Тоа не е вистина, нема докази“, рекла Змијанац за Телеграф.рс.

Жената со која Реља наводно ја изневерил Николија е Анита Станојловиќ, победничка на реалното шоу „Елита“ во 2024 година.
Според пишувањата на медиумите, таа јавно демантира афера со пејачот, но на неколку учесници во шоуто им кажала дека биле заедно и дека едвај чекај да излезе, за повторно да биде со него.

„Анита дојде кај мене во кревет и ми кажа дека имала ‘комбинација’ со Реља. Се запознале во Будва, се гледале, одела кај него во студио, таму имале односи, пиеле џин тоник, дома се враќала со модрици.
Рече и дека сексот бил невидено добар, дека никој од учесниците во шоуто не ја интересира никој друг.
Се виделе 3 дена пред таа да влезе во шоуто и имале секс“, рекол Данило Дача Виријевиќ, еден од учесниците во „Елита“.

За потсетување, Реља и Николија се заедно повеќе од една деценија. На почетокот таа мислела дека е вообразен, но кога почнале да комуницираат, сфатила дека не е така.
Парот има две ќерки, а пред да се родат тие, Николија имала една неуспешна бременост и го загубила бебето.
Повеќе фотографии:




А. Ј. | Црнобело
