Србинка води бајковит живот во Калифорнија - сопруг богат наследник, 3 деца (фото)

Ивана за себе вели дека е горда Србинка, која живее во Калифорнија, и мајка на 3 деца, која ја ставила кариерата на пауза за да се посвети на семејството. „Јас се оженив за жената од моите соништа и и по 14 години брак сум најсреќниот човек на светот“, вели нејзиниот сопруг.

soprug-milioner-3-deca-srbinka-vodi-bajkovit-zhivot-vo-kalifornija-foto-01.jpg

Ивана Божиловиќ (44) од Белград, Србија уште како дете се преселила во Чикаго, а веќе 14 години е во брак со Ендрју Фајрстон, бизнисмен, ТВ лик и потомок на основачот на компанијата за гуми „Firestone Tire and Rubber Company“.

Парот има 3 деца заедно и води бајковит живот во Калифорнија. Ивана покрај како модел, има работено и како актерка.

soprug-milioner-3-deca-srbinka-vodi-bajkovit-zhivot-vo-kalifornija-foto-02.jpg

Ендрју постојано вели дека се оженил за жената од неговите соништа и дека и по толку години брак уште се чувствува како најсреќниот човек на светот и не би променил апсолутно ништо.

Во една пригода тој објави фотографија од неа во чиј опис напиша:

„Кога Ивана и јас почнавме да се состануваме пред повеќе од 15 години, јас ја придружував и седев трпеливо на продукцискиот сет, додека таа константно снимаше и закажуваше рекламни кампањи. Всушност, јас бев нејзина придружба на првото појавување на црвениот тепих заедно за време на филмска премиера на Менхетн.

Две години подоцна, Ивана направи неверојатна жртва за мене и нашето семејство и ја стави нејзината кариера на пауза кога се отселивме од Лос Анџелес. Таа го направи тоа за да ми даде поддршка и да ги воспитува нашите 3 деца. Не минува ниту ден, а да не се сетам колку сум среќен поради нејзината посветност.

Но, сега Ивана се врати пред камерите и не можам да бидам погорд на неа. Мислам дека нејзиниот агент никогаш не помисли дека преселбата на село и растењето на нејзините деца таму беше мудар избор кога станува збор за кариерата, но мислам дека јас верував.

И, ете ја повторно. Злато, не грижи се, децата стигнаа до училиште и им спакував и појадок.“

Повеќе фотографии од прекрасното семејство:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српскиот тајкун Жељко Митровиќ се фали со парите - со ќерките и сопругата со приватен џет во Париз с... Жељко Митровиќ сними чудно видео како скока и танцува на раскошниот роденден на ...
Tea Taировиќ на Малдиви, Николија во Италија: Каде уживаат познатите дами од регионот? Теа Таировиќ блеска од среќа на медениот месец со сопругот Иван на Малдиви, Нико...
Помалата ќерка на Сузана Манчиќ ја наследила убавината од мајка си - обожава уметност и мачки (фото) Таа се занимава со фотографија, не обожава појавувања на јавни настани и сака да...
Пораснале заедно, реди успеси: Кој е роднината на Јелена Карлеуша што јавно ја брани? „Таа стои зад своите зборови и ставови и поднесува огромна жртва. Секогаш зборув...
Јелена Карлеуша: „Jaс не примам луѓе дома, ниту излегувам, затворена сум, не се дружам - такви ми се... „Јас сум затворена личност, не се дружам многу, не излегувам воопшто, никаде. Ја...
Емина Јаховиќ се жали за семејните случки по разводот, новата сопруга на Мустафа Сандал блеска (фото... „Подобро се чувствувам во Србија. Таму се чувствувам како странец, иако децата м...

Најчитани неделава