Факти за Ана Михајловски - по врската со Вук Костиќ се смири со поранешниот сопруг, имаше тумор на дојка

Во 2017-та година водителката јавно говореше за нејзината борба со ракот на дојка, при што рече дека лекарите ѝ рекле дека тоа под итно мора да се оперира. Таа откри дека туморот бил многу голем, но по операцијата хистопатолошкиот наод покажал дека се работи само за бениген тумор.

„Пред сѐ, сакам да нагласам дека мојот случај беше бениген. Бесмислено е да се ставам себеси во прв план, затоа што тоа би било навреда за сите жени што имаат многу поголеми проблеми и живеат со нив.

Немав обичај да правам сама прегледи, а кога случајно напипав израсток помеѓу пазувите и градите веднаш отидов на лекар“ – откри Ана во една прилика.

Во 2019-та година таблоидите почнаа да пишуваат дека водителката е во врска со актерот Вук Костиќ, но тие не сакаа јавно да говорат за нивниот однос. За првпат заедно се појавија на белградската премиера на филмот „Јужни ветар“, а само неколку месеци подоцна се пишуваше дека парот ставил крај на врската.

Прочитајте и Дамите кои не му одолеаја на шармот на Вук Костиќ - Ивана Петерс од „Негатив“, Ана Михајловски

Во октомври 2020-та година веќе се појавија информации дека Ана одлучила да се помири со поранешниот сопруг Мирко Грубин.

Инаку, во еден период Ана одлучи целосно да се повлече од социјалните мрежи и тврдеше дека причината за тоа е што „сечиј живот станал јавен, а границите на интимата исчезнале“, но неодамна отвори нов Инстаграм профил каде објавува фотографии и видеа од семејството.

Погледнете уште неколку нејзини фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Ана Бекута исвиркана во Чачак - Граѓани ја гаѓаат со топки снег, пее од комбе за да го заврши концер... „Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Каде е полицијата...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...

Најчитани неделава