Направи операција за да си го смени гласот, сестра ѝ јавно се откажа од неа - Факти за српската пејачка Едита Арадановиќ

Пред неколку месеци Едита Арадановиќ ги оперираше гласните жици затоа што не ѝ се допаѓаше бојата на гласот. Со сестра ѝ, која неодамна се бореше за живот по операцијата за намалување на желудник, се степале заради дечко и оттогаш постојано се во медиумска војна – Што знаеме за згодната српска пејачка Едита Арадиновиќ, која беше дел од „Министарке“?

gi-operirashe-glasnite-zhici-za-da-mozhe-da-pee-vo-zhivo-so-sestra-i-javno-se-prepukuvaat-so-godini-fakti-za-edita-aradanovikj-01.jpg

Повеќето ја помнат како згодната млада девојка со младеж на лицето што пееше во групата Министарке пред неколку години, а оттогаш досега, таа продолжи да гради сопствена соло кариера. Што знаеме за Едита Арадановиќ?

Во продолжение неколку интересни факти за пејачката што можеби не сте ги знаеле:

Едита Арадановиќ беше членка на групата Ministarke. Родена е на 30-ти јуни 1993-та година во Белград, каде и денес живее и работи.

Таа во 2010-та година учествуваше во шоуто Ѕвездите на Гранд но беше исфрлена во баражот, по што јавно излезе со тврдење дека натпреварувањето е наместено и дека Саша Поповиќ намерно погрешно ја советувал околу изборот на песните, па дека заради тоа не продолжила понатаму.

Во 2012-та година таа ја сними песната Overila. Спотот за песната беше снимен во Шпанија, а во него гостуваше и братот на Шакира, Робин Мебарак.

Во 2013-та година стана дел од групата Ministarke, а заедно со Северина го објавија хитот Uno momento. Едита тогаш за Северина рече дека е голем професионалец и дека сите треба да се угледаат на неа.

Во 2018-та година го напушти бендот по што почна да гради соло кариера. Сними повеќе песни, меѓу кои и дуети со Емина Јаховиќ и Цвија.

Едита по потекло е Албанка и вели дека албанскиот ѝ е мајчин јазик. Освен српски, говори и шпански јазик. Во една прилика изјави дека за љубовта е подготвена и да ја промени верата по што следувале голем број навредливи пораки.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Северина и синот пресреќни на одмор - тој доби автограм од холивудска ѕвезда, таа вторпат го покажа ... „Мамо, мамо“ добив автограм од лошиот (Вуди Харелсон) во филмот „Venom“... Само ...
Сите мислеа дека е гола – ќерката на Дино Дворник покажа како ги крие гаќите под фустанот со огромен... Ќерката на познатиот хрватски музичар Дино Дворник, Ела на црвениот тепих се пој...
„Чудесната Матера“ - Северина (50) е беспрекорна убавица на одмор во Италија Откако мина одмор полн емотивни прегратки со синот Александар на хрватскиот остр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg