Направи операција за да си го смени гласот, сестра ѝ јавно се откажа од неа - Факти за српската пејачка Едита Арадановиќ

Едита е сестра на познатата српска фолк пејачка Инди Арадановиќ, а се шпекулира дека тие двете биле скарани, па дури и се степале заради дечко. Наводно, во 2011-та година Едита почнала врска со извесен Вељко, кој бил поранешен дечко на Инди, а заради тепачката морала да интервенира и полицијата.

Во една прилика Едита рече дека таа и Инди имале мошне тешко детство, а дека во песната Soba опишала низ што поминувале таа и сестра ѝ по разводот на нејзините родители.

„Малкумина знаат дека Инди и јас имавме тешко детство и дека носиме лузни. Во песната се работи за моето дестство и за ликот на мојот татко“ – рече таа.

Седум години подоцна, Инди јавно се откажа од Едита, а пораката што таа ја остави на социјалните мрежи беше пренесена во медиумите. Постарата сестра, тогаш рече дека Едита ја блокирала на Инстаграм и дека сите пораки за поддршка од нејзина страна се лажни.

Во 2020-та година пак, кога Инди имаше неуспешна операција на желудникот, Едита веднаш се обрати до медиумите и на социјалните медиуми раскажа низ што сè поминала нејзината сестра. Таа рече, дека заедно со мајка ѝ поминуваат низ стресна ситуација и планираат да го тужат лекарот што ја направил операцијата.

Инаку познато е дека Едита направила повеќе хируршки интервенции за да ги промени работите што не ѝ се допаѓаат кај себеси. Го отстрани младежот на лицето по кој беше препознатлива, вгради силикони на градите, а годинава ги оперираше и гласните жици, затоа што не ѝ се допаѓало како звучи кога пее во живо.

Веднаш по операцијата, следеше нов скандал, кога српските медиуми почнаа да пишуваат дека Едита е бремена, а сестра ѝ Инди само дополнително ги подгреа гласините и рече дека не смее ништо да каже.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg