Балканска тиктокерка: „Сопругот на сестра ми ѝ ја удирал главата од плочки, го стискал и бебето“ (вознемирувачко фото)

Сестрата на Uki Q, која живее во Белград, вчера (28.09) била претепана речиси до смрт од сопругот. Uki Q објави вознемирувачки фотографии и дел од објавата гласи: „Ѝ ја фатил главата и ѝ ја удирал од плочки, ја стискал за врат во обид да ја удави, а потоа ја мавал со рацете со сета сила. Го притискал бебето, старо 2 месеци...“ СТОП за семејното насилство!

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-01.jpg

Uki Q е родена во Хрватска, а живее во Белград и важи за балканска ТикТок кралица.

Нејзиното вистинско име е Уна Каблар и на Инстаграм има повеќе од 540.000 следбеници, додека на ТикТок ja следат повеќе од 1.5 милиони луѓе.

На телото има многу тетоважи, има необичен моден стил и комплетно е искрена кон своите следбеници, а токму тоа е тајната на нејзината популарност.

Но, сега нејзината искреност отиде до еден нов степен каде јавно говори за семејното насилство кое ѝ се случило на сестра ѝ од страна на партнерот.

Уна објави вознемирувачки фотографии од повредите на сестра ѝ, а во описот напиша:

„Сопругот на мојата сестра вечерва (28.09) ја претепа мојата сестра Сара, речиси до смрт.

Ѝ ја фатил главата и ѝ ја удирал од плочки, ја стискал за врат во обид да ја удави, а потоа ја мавал со рацете со сета сила.

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-02.jpg

Го притискал бебето, старо 2 месеци, со закани дека ќе ѝ го одзеде старателството ако се разведе од него.

Откако ја „унаказил“, ја доведе и побегна пред да дојдат татко му и брат му, затоа што е татин син.

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-03.jpg

Дојдоа смеејќи ни се пред полицијата, со дофрлање од страна на татко му, како е горд на својот син и како допрва ќе биде. Откако му кажавме на татко му дека сè ќе објавиме јавно, тој почна да ни се заканува со тоа како тој за тоа има лек, мислејќи дека со пари ќе реши сè.

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-04.jpg

Во најдобар случај ќе биде казнет само со забрана за пристап, а ја претепа сестра ми речиси до смрт и уште не знаеме кои се последиците од нејзините повреди.

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-05.jpg

Би ве замолила сите да ја споделите оваа објава за помош во борбата со семејното насилство, насилство врз жена и бебе од 2 месеци.

Имаме уште многу да кажеме, но сега сме во состојба на шок.“

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-07.jpg

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-06.jpg

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-01_1.jpg

balkanska-tiktokerka-soprugot-na-sestra-mi-i-ja-udiral-glavata-od-plochki-go-stiskal-i-bebeto-voznemiruvachko-foto-02_1.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анастасија Ражнатовиќ навива за дечкото, Драган Бјелогрлиќ со синот: Српската естрада на трибините в... Анастасија Ражнатовиќ од трибините навиваше за нејзиниот дечко Немања Гудељ, а м...
Српска политичарка: „И сестра ми беше претепана, полицијата не направи ништо сè додека не објавив ја... „Полицијата ја испрати сестра ми со совет дека нема докази дека тој ја тепал и д...
Си го промени личниот опис со операции, со сопругот е од 17 години: Факти за српската пејачка Маја Б... Како дете останала без татко, а додека пеела низ локали во Босна го запознала св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg