Koja e Uki Q, девојката од Хрватска што стана балканска ТикТок „кралица“?

Тетоважите ѝ се заштитен знак, живее во Белград, а беше во врска со босанско-српскиот пејач Сергеј Пајиќ.

koja-e-uki-q-devojkata-od-hrvatska-shto-stana-balkanska-tiktok-kralica-01.jpg

Uki Q е 20-годишна девојка, која е родена во Хрватска, а живее во Белград и важи за балканска ТикТок кралица.

Нејзиното вистинско име е Уна Каблар и на Инстаграм има повеќе од 459.000 следбеници, додека на ТикТок ja следат повеќе од 1.3 милиони луѓе.

На телото има многу тетоважи, има необичен моден стил и комплетно е искрена кон своите следбеници, а токму тоа е тајната на нејзината популарност.

Во хороскоп е Скорпија, родена е на 12-ти ноември 2000 година, има помала сестра, а беше во врска со босанско-српскиот пејач Сергеј Пајиќ, со кого имаат заедничка песна.

Активно почнала да снима за ТикТок од 2019 година, иако вели дека профилот го има многу пред тоа, уште кога платформата била позната како Musical.ly.

„Мислам дека луѓето на мојот ТикТок профил ги привлекува најмногу тоа што сум секогаш своја. Имам нешто што луѓето го паметат. Не знам дали тоа се тетоважите, мојот карактер или нешто трето.

Но, важно е луѓето по нешто да ве запомнат, да привлечете внимание. Исто така, меѓу првите почнав да снимам ТикТок на Балканот, па може и тоа е некоја среќна околност“, вели во едно интервју Uki Q, на која тетоважите ѝ се заштитен знак и има повеќе од 20 на своето тело.

„Првата тетоважа ја направив кога имав 15 години и мајка ми ми ја плати. Не го правев тоа зад грбот на моите родители. Истетовирав ѕвездичка, која претставуваше некоја моја амајлија.“

Фотографии од Uki Q:

Повеќе фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото) Тој ја обожава својата работа и на Инстаграм споделува како е „небото да ти е ка...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина... „Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е пре...
Од несреќен алкохоличар до најплатен турски актер – Животната приказна на Халит Ергенч Поради неговата сестра со посебни потреби родителите го запоставувале. Спиел на ...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg