Српска пејачка направи „лажна“ свадба од 30.000 евра, па стапи во брак во православна црква во Дубаи (фото)

Пред еден месец направија гала свадба која чинеше 30.000 евра и на која присуствуваа најголемите имиња на српската естрада, меѓу кои и Цеца Ражнатовиќ, но не стапија во брак затоа што не сакале да стануваат рано. Се венчаа еден месец подоцна во православна црква во Дубаи, подалеку од медиумите, а во присуство само на најблиските. Српската пејачка Вања Мијатовиќ и нејзиниот сопруг Александар Манџукиќ направија две свадби за паметење во рок од еден месец.

srpska-pejachka-napravi-lazhna-svadba-od-30-000-evra-pa-stapi-brak-vo-pravoslavna-crkva-vo-dubai-foto-01.jpg

Српската пејачка Вања Мијатовиќ и нејзиниот долгогодишен партнер Александар Манџукиќ во октомври направија гала свадбена прослава во Белград, на која присуствуваше речиси цела српска естрада.

Тоа беше луксузна прослава на која присуствуваа голем број српски ѕвезди и музички имиња, меѓу кои и Цеца Ражнатовиќ.

Пејачката привлече големо внимание со венчаницата со длабоко деколте во која практично целосно ѝ се гледаа градите.

Сепак, она што изненади многумина е тоа што Вања и Александар на прославата што се случи во октомври воопшто не стапија во брак, па таа во изјава за српските медиуми појасни:

„Ние одлучивме сега да организираме прослава, а венчавката да ја одложиме за некој друг ден. Александар и јас не сакавме да стануваме рано тој ден, сѐ да биде временски згуснато и да ги малтретираме гостите да присуствуваат на црковна и општинска венчавка.

Решивме прво да направиме забава, а потоа општински да се венчаме во кругот на најмилите, но сѐ уште немаме закажано термин“ – рече таа.

Сега, еден месец подоцна, пејачката на Инстаграм објави фотографии од црковната свадба која ја направиле во Дубаи.

„Чест ни е што нашиот брак е првиот српски брак што беше склучен во Дубаи“ – напиша таа до фотографиите од црковната венчавка.

Како што може да се види, во оваа прилика, пејачката избрала многу поскромна и поедноставна венчаница од првата, а речиси сите се сложни дека вториот поскромен фустан многу подобро ѝ стои од првиот.

Погледнете повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Ана Севиќ се омажи за милионер, има возен парк од 400.000 евра, а сегашниот и бившиот скандалозен со... По турбулентниот брак со пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ пронајде среќа и мир пок...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...

Најчитани неделава