Била адвокатка на Меланија Трамп, оди на куглање и вози мотори – Која е првата жена претседател на Словенија?

Стекнала слава како ТВ лице, дојде на власт како независен кандидат, а била адвокатка на Меланија Трамп – Што знаеме за Наташа Пирц Мусар која стана првата жена претседател на Словенија?

bila-advokatka-na-melanija-tramp-vo-slobodno-vreme-igra-boche-i-vozi-motori-koja-e-prvata-pretsedatelka-na-slovenija-01.jpg

Наташа Пирц Мусар е првата жена што ќе биде претседател на Словенија.

Во вториот круг од претседателските избори во Словенија што се одржаа вчера (13.11.), Наташа го победи противкандидатот Анже Лагор, а на изборите се пријави како независен кандидат, без да добие поддршка од партиите.

Во продолжение неколку интересни факти за неа:

Наташа е родена во 1968-ма година во Љубљана во работничко семејство, детството го поминала во Камник, а денес живее во Радомље. Дипломирала на правниот факултет во Љубљана, а 23 години подоцна докторирала на Правниот факултет во Виена.

Кариерата ја почнала како новинар на националната словенечка телевизија, по што се вработила во ПОП ТВ.

Во јули 2004-та година се вработила во Народното Собрание, а од 2014-та година па наваму се занимава со адвокатура.

Интересно, но во времето додека работеше како адвокат, Наташа ја застапувала Меланија Трамп и нејзиниот татко Виктор Кнавс, во случајот кога поранешната прва дама на САД и нејзиниот татко поднесоа тужби за клевета против новинари што тврдеа дека таткото на Меланија во младоста бил сместен во затвор.

Слично како и поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, и Наташа е мошне присутна на социјалните мрежи.

Таа има две чивави и околу 20 години собира фигури од бувови. Таа вели дека ја сака оваа птица затоа што е симбол на мудроста, а во слободно време сака да оди на куглање и да вози мотори.

Според словенечнките медиуми, таа има околу 273.000 евра заштеда во банка, а е сопственичка на 145 акции од „Крка“ кои во моментов вредат околу 62.000 евра. 

Таа се јавува како косопственичка на три компании, а во брак е со хрватскиот бизнисмен Алеша Мусар, кој стекнал огромно богатство на почетокот на приватизацијата на државните компании. Наташа тврди дека целото богатство го заработиле чесно и по легален пат.

Заедно го имаат синот Макс кој е студент на Машински факултет.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава