Ја нарекуваат „хрватската Меган Маркл“ – Која е Хелена Ливаковиќ, сопругата на голманот на фудбалска репрезентација на Хрватска?

Во брак е со голманот на хрватската фудбалска репрезентација, а хрватските медиуми тврдат дека премногу личи на сопругата на принцот Хари, па затоа ја викаат „хрватската Меган Маркл“. Која е Хелена Ливаковиќ?

ja-narekuvaat-hrvatskata-megan-markl-koja-e-helena-livakovikj-soprugata-na-golmanot-na-hrvatskata-fudbalska-reprezentacija-01.jpg

Доминик Ливаковиќ (27) е голман на хрватската фудбалска репрезентација, а неговата атрактивна сопруга Хелена редовно привлекува внимание во хрватските медиуми.

Таа во минатото се занимавала со уметничко лизгање, а уште од почетокот на врската со Ливановиќ, тамошните медиуми ѝ го дадоа прекарот „хрватската Меган Маркл“, како заради физичката сличност, така и заради елегантните изданија во кои се појавува.

Претходно во интервјуа, Доминик и Хелена открија како започнала нивната љубовна приказна.

„Нѐ запозна еден пријател. Иако сѐ се случи спонтано, може да кажеме дека првиот чекор го направи Доминик. Првиот впечаток беше одличен и брзо ‘кликнавме’, но на почетокот бевме само пријатели и не би рекле дека тоа беше љубов на прв поглед.

И двајцата по природа сме мошне повлечени и имаме тесен круг на пријатели со кои што се дружиме“ – рече во една прилика Хелена.

Хелена и Доминик беа во врска пет години пред да стапат во брак, а нивната свадба беше топ тема во хрватските медиуми.

Хелена е голем љубител на модата, а дипломирала на Текстилно-технолошкиот факултет.

Ретко оди на стадионите за да го бодри својот сопруг од трибините, но вели дека не пропушта ниту еден негов натпревар и редовно го следи на малите екрани, а подготвена е и да се пресели од Загреб доколку нејзиниот сопруг одлучи да игра за некој друг фудбалски клуб.

Доминик, пак, вели дека кај Хелена му се допаѓа тоа што таа има разбирање за неговата професија и дека секогаш се приспособува на неговите потреби.

Погледнете повеќе фотографии од Хелена, па проценете сами дали личи на Меган Маркл:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата (49) на Тарик Филиповиќ блеска на одмор во Хрватска - повљубени се од кога било, по роденд... Парот во 2008 година го доби синот Арман, кој неодамна стана полнолетен. Но, Тар...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...

Најчитани неделава