Трогателна сцена од градинка во Босна: „Моето дете со Даунов синдром танцува само, сите други се на сцена“

„Ова не го заслужува никој, а најмалку дете од 5 години“ – мајка сподели видео на кое се гледа како нејзиното 5-годишно дете со Даунов синдром било оставено настрана да гледа како неговите другарчиња танцуваат на приредбата.

majka-na-dete-so-daunov-sindrom-spodeli-tazhno-video-site-deca-se-na-scenata-moeto-tancuva-na-klupa-i-cheka-da-zavrshi-pretstavata-01.jpg

Балканската јавност се дигна на нозе откако на социјалните мрежи масовно се прошири видео на кое се гледа како малиот Јаков кој има Даунов синдром бил „исклучен“ од училишната претстава.

Видеото што мајката на детето го објави на Инстаграм брзо почна да се шири на социјалните мрежи, а вработените во градинката во Широк Бријег, Босна, од каде доаѓа малиот Јаков, се соочуваат со осуда и критики.

„Додека другите деца танцуваа на сцената, Јаков на клупата танцува и чека сѐ да заврши. Значи со него се работело. По кој повод тој не можел да се качи на бината и зошто е симнат оттаму?

Кога ја прашав директорката зошто Јаков не учествувал, таа ми рече: ‘Госпоѓо, ако не ви се допаѓа има уште 10 други градинки, одете слободно!’

Ние ќе си заминеме секако, но нема да молчиме и да ставиме сѐ под тепих, ова не го заслужува никој, а најмалку дете од 5 години“ – напиша мајката до видеото на кое се гледа како малиот Јаков танцува на клупата додека чека неговите другарчиња да ја завршат претставата.

Мајката на Јаков, Драгана, наиде на голем број позитивни коментари во кои ја поддржуваат нејзината одлука јавно да зборува за непријатното искуство што таа и нејзиното дете го доживеале.

„Жално е што постои некој што не гледа убавина во неговото веселење и уште има срце да го изолира, а верувам дека ниту едно дете не се радувало толку многу како него“,

„Неговото срценце не знае да се лути, тој ќе ни го прости сето ова, но нашето општество мора под итно да се промени“,

„Се надеваме дека ова нема да помине неказнето“ – се само некои од коментарите до видеото.

По видеото се огласија од градинката и велат дека мајката на детето изнесува невистини и дека сите деца биле вклучени во претставата, а видеото билo „наместено“.

Наводно мајката претходно рекла дека ќе си одат и нејзиното дете нема да учествува во претставата, а потоа го снимила видеото од чекалната и го објавила на социјалните мрежи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава