Jа крева да стане, ѝ ги облекува чевлите – Партнерката на Андрија Милошевиќ објави фотки од пред да се породи
- Детали
- вторник, 03 јануари 2023
„Мојата 2022-ра година“ – напиша до трудничките фотографии актерката Александра Томиќ. Јавноста за првпат имаше можност да види како изгледала таа додека била во блажена состојба, но и каков партнер бил Андрија Милошевиќ додека бил во исчекување да го запознае синот.
Во март месец минатата година Андрија Милошевиќ (44) и Александра Томиќ (38) го добија синот Реља, но бременоста ја чуваа за себе и подалеку од очите на јавноста.
За да ја одбележат годината што измина, парот одлучи на Инстаграм да објави фотографии од Александра во бременоста.
На фотките се гледа како тој ѝ помагал на бремената сопруга да ги облече чевлите, ја кревал од креветот за да стане и бил постојано тука за неа.
За време на целата бременост актерскиот пар се трудеше што е можно помалку да зборуваат за случувањата во нивниот приватен живот и речиси и да не објавуваа труднички фотки.
Александра во една прилика рече дека се труди да биде што е можно подобра мајка:
„Воопшто не се променив откако станав мајка, зошто би го правела тоа? Животот се менува во некоја организациска смисла, секако се јавуваат и нови емоции, нешто што во минатото некогаш не сум го почувствувала, но не се променив заради тоа“.
Прочитајте и Андрија Милошевиќ направи голема забава по повод раѓањето на синот и одржа емотивен говор (фото)
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Андрија и Александра:
Б. С. Б. | Црнобело